Цариград
престолнина на Римската (330 — 1453) и Отоманската Империја (1453 — 1922) / From Wikipedia, the free encyclopedia
Цариград (старословенски: Цѣсарьградъ, црковнословенски: Царьгра̀дъ) или Константинопол (старогрчки: Κωνσταντινούπολις — „Константиновград“) — престолнина на Римското Царство (330 — 395), Византија (Источно Римско Царство) (395 — 1204 и 1261 — 1453), Латинското (1204 — 1261) и Османлиското Царство (1453 — 1922). Официјално, од 1930 година, градот станал престолнина на новата Турска држава под името Истанбул. Градот бил основан од страна на римскиот цар Константин I Велики кој барал нова престолнина. Во неговата изградба учествувале над милион робови. Биле изградени големи и високи ѕидини кои придонесувале внатрешноста на градот да биде скоро недопирлива. Во продолжение на неколку векови, тој бил најголемиот град по жители со население од 12 000 000 жители[1][2][3] .