Царинска унија на ЕУ-Турција
From Wikipedia, the free encyclopedia
Царинската унија помеѓу Турција и Европската Унија — договор кој стапил на сила на 31 декември 1995 година, со потпишувањето на договорот од Анкара[1]. Стоката може да патува помеѓу двата субјекти без никакви царински ограничувања. Царинската унија не ги опфаќа основните економски области како што е земјоделството (на кои се применуваат билатерални трговски отстапки), услуги или јавни набавки.
Во 1996 година била основана зона за слободна трговија помеѓу Турција и Европската Унија за производи опфатени со Европската заедница за јаглен и челик. Одлуката 1/98 на Советот на здружението опфаќа трговија со земјоделски производи.
Покрај обезбедување на заедничка надворешна тарифа за опфатените производи, Царинската унија предвидува дека Турција треба да се усогласи со законодавството на ЕУ во неколку основни области на внатрешниот пазар, особено во однос на индустриските стандарди.