Црква „Пресвета Богородица Порфирна“ - Ахил
црква во Ахил, Преспанско / From Wikipedia, the free encyclopedia
Пресвета Богородица Порфирна (грчки: Παναγίας Πορφύρας) — црква на преспанскиот остров Свети Ахил, Егејска Македонија. Влегува во состав на Леринско-преспанско-еордејската епархија на Цариградската патријаршија. Изворно ѝ припаѓала на Охридската архиепископија.
Кратки факти Пресвета Богородица Порфирна, Место ...
Пресвета Богородица Порфирна | |
---|---|
Παναγίας Πορφύρας | |
Поглед на црквата | |
40°46′51.17″N 21°5′24″E | |
Место | Ахил, Преспанско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Културнонаследна категорија | споменик на културата |
Завршена | XVI век |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Преспанско |
Епархија | Леринско-преспанско-еордејска |
Затвори
Храмот е подигнат на ридот Калето во јужниот дел од островот, некаде во средината на XVI век.[1] Има вреден живопис од XVI век, XVII век и од 1745 г.[2][3]
Во 1962 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[4]