Црква „Св. Ѓорѓи“ - Ахил
црква во Ахил, Преспанско / From Wikipedia, the free encyclopedia
Свети Ѓорѓи (грчки: Αγίου Γεωργίου) — црква на преспанскиот остров Свети Ахил, Егејска Македонија. Влегува во состав на Леринско-преспанско-еордејската епархија на Цариградската патријаршија. Изворно ѝ припаѓала на Охридската архиепископија.[1][2][3]
Кратки факти Свети Ѓорѓи, Место ...
Свети Ѓорѓи | |
---|---|
Αγίου Γεωργίου | |
Поглед на црквата со гробиштата | |
40°47′18″N 21°4′50″E | |
Место | Ахил, Преспанско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Културнонаследна категорија | споменик на културата |
Завршена | XV век |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Преспанско |
Епархија | Леринско-преспанско-еордејска |
Затвори
Црквата е изградена на крајот од XV век.[1] Претставува еднокорабен храм со дрвен покрив, кој до денес има улога на гробишна црква на селото Ахил. Во него се зачувани вредни фрески од XV век.[3][4]
Во 1962 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[5]