Црква „Св. Апостоли“ - Ахил
црква во Ахил, Преспанско / From Wikipedia, the free encyclopedia
Свети Апостоли (грчки: Αγίων Αποστόλων) — средновековна црква на преспанскиот остров Свети Ахил, Егејска Македонија. Влегува во состав на Леринско-преспанско-еордејската епархија на Цариградската патријаршија. Изворно ѝ припаѓала на Охридската архиепископија.
Кратки факти Свети Апостоли, Место ...
Свети Апостоли | |
---|---|
Αγίων Αποστόλων | |
Остатоците од црквата | |
40°47′10″N 21°4′49″E | |
Место | Ахил, Преспанско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Културнонаследна категорија | споменик на културата |
Завршена | XI – XII век |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Преспанско |
Епархија | Леринско-преспанско-еордејска |
Затвори
Денес црквата е во урнатини. Сместена е јужно од селото Ахил, во западниот дел на островот. Изградена е во XI - XII век[1] и била дел од средновековниот град Преспа.[2]
Во 1962 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[3]