Црква „Св. Никола“ - Загорани
црква во Загорани, Прилепско / From Wikipedia, the free encyclopedia
Св. Никола — црква во прилепското село Загорани, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Прилепското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.
Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Свети Никола | |
Фреска „Крштение Христово“ | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Прилепско |
Парохија | Тополчанска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°15′53.9″N 21°26′14.8″E |
Место | Загорани |
Општина | Прилеп |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Никола |
Изградба | 1882 |
Живопис | 1890 |
Архитектонски опис | |
Стил | преродбенички |
Затвори
Црквата е гробишен храм, сместен североисточно од селото. Изградена е во 1882 година за време на свештениците Димитар и Неделко Матевич (Матеви). Во внатрешноста е зачуван оригиналниот живопис од 1890 г. и убав преродбенички иконостас.[1] Живописот е дело на дебарскиот мајстор Ефтим Спасов од Гари.[1] Ктиторскиот натпис гласи:
„ | СВѦЩЕНИК ПАПА
ДИМІТРИА ПАПА НЕДЕЛКО МАТЕВИЧЪ ИЗРУКИ ЕВТИМЪ СПАСЕВИЧЪ ОДЕБОРСКО ОКРУЖЇЕ СЕЛО ГАРИ: НА: 1890: МЕСЕЦ ИЮНІ ЕПИТРОПЪ БЕШЕ ТАСЕ НАУМЧЕВЪ ЗВЕЗДАКЪ[1] |
“ |