Црква „Св. Сава“ - Белград
катедрална црква во Белград / From Wikipedia, the free encyclopedia
Храмот Свети Сава (српски: Храм светог Саве / Hram svetog Save) е црква која се наоѓа во Белград, Србија и е во склопот на Српската православна црква. Овој храм е најголемиот православен храм на Балканот и втор во светот по Црквата на Исус Христос Спасителот во Москва. Била изградена на местото на кое се смета дека Синан паша ги запалил моштите на Свети Сава во 1595 година. Изградбата на црквата започнала во 1894 година, а како главен архитект бил избран Александар Дероко.
Црква Свети Сава Hram svetog Save | |
---|---|
Основни податоци | |
Место | Белград, Србија |
Координати | 44°47.885′N 020°28.113′E |
Припадност | Српската православна црква |
Мреж. место | http://www.hramsvetogsave.com/ |
Архитектонски опис | |
Архитект(и) | Александар Дероко |
Особености | |
Сместивост | 10,800 |
Висина на куполата (надв.) | 70m |
Изградбата на храмот била финансирана со собирање на доброволни прилози, како и со плаќање на поштенски марки. Недалеку од храмот е парохискиот дом, а тука се наоѓа и предвидената зграда на патријаршијата. Овој спомен-храм претставува органски дел на современата живописна силуета на Белград, сочинувајќи едно од неговите главни обележја. За време на Втората светска војна изградбата на црквата било оневозможено како и со доаѓањето на власт на комунизмот. Така, во 1984 година конечно била издадена дозвола за нејзина доизградба.