Часовник
направа за мерење и прикажување на време / From Wikipedia, the free encyclopedia
Часовник или саат[1] — направа за покажување време.[2] За хоролозите и други специјалисти поимот часовник продолжува да значи исклучително направа со отчукувачки механизам за известување на временски интервали на временска акустичност, со ѕвонење на ѕвоно, сет од ѕвона или гонг.[се бара извор] Тивок инструмент на кој му недостига ваков механизам по традиција е познат како времемерач.[3] Во општа употреба денес, „часовник“ се однесува на секоја направа која мери и прикажува време, и која, за разлика од рачниот и џебниот часовник, не се носи на рака или слично.
За други значења на поимот, погл. Часовник (појаснување).