Че Гевара
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ернесто Гевара (шпански: Ernesto Guevara; 14 јуни 1928 — 9 октомври 1967 ) или скратено Че (шпански: Che) — марксистички револуционер и еден од водачите на Кубанската револуција.
Че Гевара | |
---|---|
„Guerrillero Heroico“ Че Гевара на доброволна работа. Направена од Алберто Корда на 5 март 1960. | |
Роден(а) | 14 јуни 1928(1928-06-14) [1] Росарио, Аргентина |
Починал(а) | октомври 9, 1967(1967-10-09) (возр. 39) (погубување) Ла Хигуера, Боливија |
Почивалиште | Мевзолеј Че Гевара во Санта Клара, Куба |
Организација | „26 јули“, Обединета партија на кубанската социјалистичка револуција,[2] Национална ослободителна армија (Боливија) |
Вера | ниедна (атеист)[3][4] |
Сопружник | Хилда Гадеја (1955–1959) Алеида Марч (1959-1967) |
Деца | Хилда (1956–1995), Алеида Гевара (родена во 1960), Камило (роден во 1962), Селиа (родена во 1963), Ернесто (роден во 1965) |
Потпис |
Гевара претставувал една од клучните личности во револуцијата на Фидел Кастро во Куба (1956-1959) како член на движењето „26 јули“. По победата во револуцијата, неколку години бил активен во промоцијата на револуционерните општества патувајќи по светот како Кубански дипломат, а потоа лично се ангажирал при ослободувањето од диктаторските режими, најпрво во Конго, а потоа и во Боливија. Во Боливија, при соработка на Централната разузнавачка агенција и боливиската војска, бил фатен и утредента убиен. Неговиот лик, како борец за ослободување на жртвите од империјализмот, и денес, неколку децении по неговата смрт, е претставуван како еден од главните симболи и икони на друштвените и политички револуции ширум светот.[5][6][7] Како строг војсководец и потполно посветен на својата револуционерна цел со морален авторитет над своите трупи,[8] тој останал контроверзна личност од голема историска значајност.
Магазинот „Time“ го прогласил Че Гевара за една од 20. најголеми светски икони и херои во нивната список на 100 највлијателни луѓе во светот во XX век.[9] Прочуената фотографија Гевара (десно), која ја направил Алберто Дијаз, била прогласена за најпозната фотографија во светот и симбол на дваесеттиот век од страна на академијата за уметности во Мериленд.[10]