Чувашки јазик
јазик / From Wikipedia, the free encyclopedia
Чувашкиот јазик (изворно чӑвашла) е туркиски јазик кој се зборува западно од планината Урал, односно во централна Русија на територијата на федералната република Чувашија. Тој е единствен жив јазик од огурската подгрупа на туркиските јазици. Чувашкиот е мајчин јазик на Чувашите и службен јазик во руската република Чувашија. Јазикот е зборуван од околу 2 милиони луѓе од кои 86% се етнички Чуваши и 8 % се луѓе од други националности што живеат во републиката. Чувашкиот јазик користи кирилица со видно влијание од руската азбука но има и свои уникатни букви како што се буквите Ӑ, Ӗ, Ҫ и Ӳ.