![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/e/e3/Bouteille.jpg/640px-Bouteille.jpg&w=640&q=50)
Шише
сад за течности / From Wikipedia, the free encyclopedia
Шише или флаша[1] (разговорно) — стаклен или пластичен сад со стеснет врат за чување течности.[2] Обликот му е таков да има проширено тело, стеснето грло и отвор на врвот од грлото. Шишето е наменет првенствено за држење течност. Шишето може да биде направено и од пластика или метал, додека слични садови од други материјали во македонскиот јазик ретко се именуваат како шише. Содржината што се чува во шишето претежно е течна или полутечна, како што се вода, млеко, {{алкохолни пијалаци|алкохолни]] или безалкохолни пијалаци, зејтин, лекови, мастило и слично. Други материјали не е практично да се држат во шише заради неговиот облик и стеснетото грло. За таква намена служат некои други садови слични на шишето, но со проширено грло или без грло, како што е теглата.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/e/e3/Bouteille.jpg/640px-Bouteille.jpg)