Шонски јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Шона (chiShona) или шонски јазик— јазик од семејството на банту-јазици на кој говори народот Шона во Зимбабве и јужна Замбија; поимот ги опфаќа и народите што ги говорат дијалектите на шона: зезуру, каранга, мањика, ндау и корекоре (некои стручњаци го вбројуваат и каланга, но други го сметаат за посебен јазик). Шона е главен јазик во Зимбабве, заедно со ндебеле и англискиот, кој е деловен јазик. Јазикот шона го зборува голем дел од населението на Зимбабве. Застапен е и во Замбија, Боцвана и Мозамбик.
Шонски јазик | |||
---|---|---|---|
Застапен во | Зимбабве Мозамбик ЈАР Замбија Боцвана | ||
Подрачје | Африка | ||
Говорници | 10,8 мил. (шона); 15 мил. со ндау, мањика итн. | ||
Јазично семејство | |||
Јазични кодови | |||
ISO 639-1 | sn | ||
ISO 639-2 | sna | ||
ISO 639-3 | sna | ||
Linguasphere | 99-AUT-a = 99-AUT-aa (standardised Shona)+ 99-AUT-ab (chiKorekore вкл. вариететите од -aba до -abk)+ 99-AUT-ac (chiZezuru -aca..-ack)+ 99-AUT-ad (сев. мањика -ada..-adk)+ 99-AUT-ae (цент. мањика -aea..-aeg)+ 99-AUT-af (каранга -afa..-aff)+ 99-AUT-ag (ндау -aga..-age)+ 99-AUT-ah (шанга)+ 99-AUT-ai (каланга)+ 99-AUT-aj (намбија -aja..-ajc)+ 99-AUT-ak (лилима -aka..-akf) | ||
|
Од сите банту-јазици, шона има највеќе говорници како мајчин јазик. Според Ethnologue,[1] Доколку ги вброиме дијалектите каранта, зезуру и корекоре, шона има 10,8 говорници. Дијалектите мањика и ндау[2][3][4] кои на Ethnologue се наведени посебно,[5] имаат по 1.025.000[6] и 2.380.000 говорници[7]. Тоа значи дека вкупната бројка на говорници на шона изнесува 14,2 милиони луѓе. Зулу е втор најзастапен банту-јазик со 10,3 милиони говорници.[8]
Шона е пишан литературен јазик со свој правопис и граматика, кодификуван во почетокот на XX век, а стандардизиран во 1950-тите. Првиот роман на шона е „Фесо“ од писателот Соломон Муцваиро, објавен во 1957. Шона се предава во училиштата, но само во јазичната настава, а не како општ јазик на наставата по сите предмети. Има своја книжевност и еднојазични и двојазични речници (претежно шона – англиски). Литературниот јазик се заснова на дијалектот што го говори народот Каранга во покраината Масвинго, подрачјето околу Големото Зимбабве, и народот Зезуру во централно и северно Зимбабве. Меѓутоа сите дијалекти на шона се сметаат за еднакво значајни и затоа се предаваат во локалните училишта.
Според Гатриевата зонска класификација на банту-јазиците, зоната S10 означува дијалектен континуум на вариетети во потесно сродство. Тука спаѓа самиот јазик шона, заедно со мањика, намбија и ндау (во Зимбабве и централен Мозамбик), тавара и теве (во Мозамбик) и каланга (во Боцвана и западно Зимбабве).