Шпанци
From Wikipedia, the free encyclopedia
Шпанците (на шпански: Españoles) се европска нација и етничка група, која потекнува од Шпанија, држава сместена на Пиринејскиот Полуостров, во југозападна Европа. Шпанската националност во суштина се состои и од регионални националности, поради комплексната историја на Шпанија. Шпанија, во нејзините сегашни граници, била формирана од голем број на претходнички кралства во доцниот 15 век, како резултат на реосвојувањето и војната на Кастилијанците.
Службениот јазик на Шпанија е шпанскиот јазик (español или castellano), со тоа што книжевниот шпански е заснован на средновековните дијалекти на Кастилијанците од централна Шпанија. Со исклучок на баскискиот, јазици кои се домородни на Шпанија спаѓаат во категоријата на романски јазици.
Според пописот од 2010, денеска во Шпанија има околу 41,242,592 Шпанци.[1] Население со шпанско потекло денеска постои скоро насекаде низ светот, поради многувековните окупации и колонии кои Шпанија ги имала во текот на владеењето низ историјата. Денеска во Америка (јужна и северна) околу 60.1% од населението има шпанско потекло.[2] Во останатиот дел од светот процентот на шпанско население е околу 3%.