Шушкава согласка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Шушкава согласка (сибилант)[1] е струјна или слеана согласка чиј начин на творба е насочување на воздушниот тек по јазикот кој води до остриот раб на забите, кои се држат доближени. Примери за шушкави согласки во македонскиот јазик се с, з, ч, џ и ж. Меѓународната фонетска азбука (МФА) истите ги бележи со [s] [z] [ʃ] [tʃ] [dʒ] [ʒ]. Од нив, ч и џ се слеани, а останатите се струјни гласови. Шушкавите согласки имаат својствен силен звук, поради што се користат вонјазично за добивање на нечие внимание („пст!“) или замолчување („шшш!“).
Начини на творба |
---|
Препречни |
Избувни |
Слеани |
Струјни |
Шушкави |
Гласници |
Носни |
Едноударни |
Приближни |
Течни |
Самогласка |
Полусамогласка |
Странични |
Трепетни |
Механизам |
Белодробни |
Исфрлени |
Уфрлени |
Чрапави |
Алитерација |
Асонанца |
Поврзано: Место на творба |
Оваа страница содржи фонетски информации изразени со МФА, кои може да не се прикажат исправно кај некои прелистувачи. [[:en:International_Phonetic_Alphabet#Special_characters|[Помош]]] |
уреди |
Кај венечните с’скави шушкави согласки с и з, задниот дел од јазикот образува тесен премин (се „зажлебува“) за да го сосредоточи воздушниот тек, со што се добива висок тон. Кај ш’шкавите струјни согласки како ш ч ж и џ, јазикот е порамен, па затоа тонот е понизок.
Поради нивната карактеристичната сила, дури и малите измени во обликот и положбата на јазикот се забележливи, што дава голем број на шушкави согласки што се разликуваат во рамките на поединечните јазици.