Ӽ
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ӽ (Ӽ ӽ; ракописно: Ӽ ӽ) — буква од кирилицата.[1] Во Уникод, оваа буква се нарекува „Х со ченгелче“.[1] Обликот е добиен од кириличната буква Х (Х х Х х) со додавање на ченгелче на десната нога.
Х со ченгелче се користи во азбуките на ителменскиот и нивскиот јазик, каде ја претставува безвучната ресична струјна согласка /χ/. Буквата Ҳ (Ҳ ҳ Ҳ ҳ) понекогаш се користи за овој звук поради подобрата фонтовска поддршка.