Денови на искушение (филм)
филм / From Wikipedia, the free encyclopedia
„Денови на искушение“ — првиот долгометражен игран филм на Бранко Гапо од 1965 година. Филмот е снимен според драмското дело „Црнила“ на Коле Чашуле чиј основен мотив е политичкото убиство, атентатот, над Ѓорче Петров, извршен од врховистите во Софија во 1921 година. Драмата, всушност, ја отсликува заднината на овој злосторнички чин, подготовките за него и неговите глумци, а нејзината сценаристичка адаптација на Димитар Солев и Гане Тодоровски главно ја следи истата драматуршка структура. Екранизацијата на оваа драма доаѓа по забележителниот успех што таа го постигнала на театарските сцени во Македонија.[1]
Оваа статија користи текст од мрежното место на Македонскиот информациски филмски центар (МИФЦ). Повеќе за наводите ќе најдете во делот за надворешни врски.
Текстот во статиите се употребува со дозвола на МИФЦ; Повеќе на страницата за разговор во рамките на ВикиПроектот „Филм“. |
Кратки факти „Денови на искушение“, Режисер ...
„Денови на искушение“ | |
---|---|
Режисер | Бранко Гапо |
Продуцент | Вардар филм |
Сценарист | Бранко Гапо, Димитар Солев, Гане Тодоровски, според драмата Црнила од Коле Чашуле |
Главни улоги | Јанез Врховец Димитар Гешовски Радмила Ѓуричин Воја Мириќ Петре Прличко Предраг Ќерамилац Илија Џувалековски |
Кинематографија | Киро Билбиловски |
Дистрибутер | Вардар филм |
Премиера | 1965 |
Времетраење | 104 мин. |
Земја | Македонија |
Јазик | Македонски |
Затвори