Евровизија 2009
From Wikipedia, the free encyclopedia
Евровизија 2009 беше 54-тиот натпревар за најдобра песна на Евровизија, чиј домаќин беше Русија, земјата која победи на 53-тото издание на Евровизија кое се одржа на 24 мај во Белград. Победата им ја донесе Дима Билан со песната „Believe“ со 272 бода. На ова издание годинава ќе настапат 42 земји, во две полуфиналиња кои ќе се одржат на 14 и 16 мај. После долга пауза, Словачка повторно настапи, додека пак Сан Марино се откажаа од учество, а песната која ја избраа Грузија, ЕБУ ја оцени како политички настроена и дека таа нема право на учество.
Кратки факти Датум, Домаќин ...
Евровизија 2009 | |
---|---|
Датум | 12 мај (1ПФ) 14 мај (2ПФ) 16 мај (Финале) |
Домаќин | Русија, Канал 1 |
Локација | Олимписка Арена, Москва |
Презентери | Полуфиналиња: Наталија Водијанова Андреј Малахов Финале: Иван Ургант Алсу |
Победничка песна | Норвешка "Fairytale" |
Број на земји | 42 |
Земји кои прв пат настапуваат | непознато |
Земји кои се вратиле | Словачка |
Земји кои се откажале | Сан Марино Грузија |
Нула бодови | Чешка (во 1. полуфинале) |
Настап во интермецо | Cirque du Soleil (финале) Руски хор (ПФ1) Руски Балет (ПФ2) |
Настап кој го отвора натпреварот | Дима Билан ќе настапи со професионалниот лизгач на мраз Евгени Плушенко (финале) (ПФ1) Фолк оркестар (ПФ2) |
Затвори
Александар Рибак од Норвешка, со песната "Fairytale" беше победник на 54. Евровизија.