Норвешка
држава во Северна Европа / From Wikipedia, the free encyclopedia
Норвешка (норвешки: Norge [книжевен], Noreg [нов норвешки]), официјално Кралство Норвешка (Kongeriket Noreg/ Kongeriket Norge) или ретко Норвегија[7] — држава во Северна Европа. Се наоѓа на Скандинавскиот Полуостров, опфаќајќи го неговиот западен брег. Главен град е Осло кој од оснoвањето во 1624 година па сè до 1925 година го носеше името Кристијанија. Осло е единствениот град во кој, покрај Стокхолм, се доделува една од Нобеловите награди — Нобеловата награда за мир.
Кралство Норвешка Kongeriket Noreg (нинорск) Kongeriket Norge (бокмал) |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: Кралско гесло: Alt for Norge („Сè за Норвешка“) 1814 заклетва: Enig og tro til Dovre faller („Обединето и верни сè додека планините на Довр се затресат“) |
||||||
Химна: Ja, vi elsker dette landet („Да, ја сакаме оваа земја“) Кралска химна: Kongesangen („Кралска песна“) |
||||||
Местоположбата на Норвешка (темнозелено) на Европскиот континент (темносива) — [Легенда] |
||||||
Главен град (и најголем) | Осло 59°56′N 10°41′E | |||||
Службен јазик | норвешки (нинорск и букмол) |
|||||
Признаени регионални јазици | севернолапонски, лулолапонски, квенски и јужнолапонски | |||||
Народности | 81% Норвежани[1] 2% Лапонци[2] 17% други[1] |
|||||
Демоним | Норвежани
(Норвежанец/Норвежанка) |
|||||
Уредување | Унитарна парламентарна уставна монархија | |||||
• | Крал | Харалд V | ||||
• | Премиер | Jonas Gahr Støre (Ap) (2021–) | ||||
• | Собраниски претседател | Masud Gharahkhani (Ap) (2021–) | ||||
Основана | ||||||
• | Обединување на Норвешка | 872 | ||||
• | Устав | 17 мај 1814 | ||||
• | Распад на унијата со Шведска | 7 јуни 1905 | ||||
• | Ослободување од германска окупација | 8 мај 1945 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 385,207 км2[3] (67-ва) | ||||
• | Вода (%) | 5.73 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2024 г. | ▲ 5,550,203[4] (120-та) | ||||
• | Попис 2001 | 4,485,945 | ||||
• | Густина | 14.3 жит/км2 (213-та) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2010 г. | |||||
• | Вкупен | $377.1 милијарди[5] | ||||
• | По жител | $70,665[5] | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2017 г. | |||||
• | Вкупно | $414.462 милијарди[5] (4та) | ||||
• | По жител | $73,450[5] (3-та) | ||||
Џиниев коеф. (2017) | 23.5 низок · 1ва |
|||||
ИЧР (2022) | ▲ 0.966[6] многу висок · 2ва |
|||||
Валута | Норвешка круна (NOK ) |
|||||
Часовен појас | CET (UTC+1) | |||||
• | (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||||
Датумски формат | dd.mm.yyyy | |||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .no | |||||
Повик. бр. | 47 |
Таа на исток граничи со Шведска; нејзиниот најсеверен регион граничи со Финска на југ и Русија на запад. Обединетото Кралство и Фарските Острови лежат западно преку Северното Море, а Данска лежи на југ. Долгото крајбрежје на Ноpвешка, во северен Атлантски Океан и Баренцовото Море, се дом на нејзините познати фјордови.
По завршувањето на Втората светска војна, Норвешка забележува огромен економски раст, и денес е меѓу најбогатите земји во целиот свет. Норвешка е четврт најголем извозник на нафта во светот, и нејзината петролејска индустрија зафаќа повеќе од четвртина од нејзиниот бруто-домашен производ. Норвешка е исто така богата со природен гас, хидроенергија, риба, шуми и минерали. Таа беше најголемиот извозник на морска храна после Кина во 2006 година. Други примарни индустрии се: преработка на храна, бродоградба, металната и хемиската индустрија, рударството, риболовот и производството на производи од хартија и пулпа. Норвешка има скандинавски социјален модел.
Норвешка била највисоко оценета од сите земји на полето на развојот на човекот од 2001 до 2006, и го дели првото место со Исланд од 2007 до 2008. Исто така, таа била оценета како најмирна земја во светот во 2007 година, и е една од основачите земји на НАТО.