Карлхајнц Дешнер
From Wikipedia, the free encyclopedia
Карл Хајнрих Леополд Дешнер (Бамберг, 23 мај 1924 - Хасфурт, 8 април 2014 ) бил германски книжевен критичар, есеист, историчар на филозофијата и историчар на идеите кој го привлече вниманието на европската јавност поради неговата темелна и жеста критика на римокатоличката црква изразена низ повеќе статии и книги, достигнувајќи го врвот во својот опус Криминалната историја на христијанството (Kriminalgeschichte des Christentums, Rowohlt Verlag GmbH, Reinbek) кој е планиран во 10 тома, од кои засега се објавени 9.[1]
Карлхајнц Дешнер е исклучен од Светите тајни на 5 септември 1951. но тогаш не бил истовремено екскомунициран од римокатоличката вера, така што црковниот данок му бил уредно одбиван од приходите сè до напуштањето на папската црква. 1971 година во Нирнберг му е судено поради клеветење на христијанството иако тој во своите дела се бавеше пред сè со криминалната историја на римокатоличките поглавари т.е. папството.
Брзо стекнува углед и вон германското говорно подрачје, со оглед на тоа дека неговите дела се преведувани на арапски, француски, грчки, италијански, холандски, норвешки, полски, руски, шпански и српски јазик.