Лајпциг
град во Германија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Лајпциг (германски: Leipzig) или Липск (горнолужички: Lipsk) — еден од двата најголеми градови (заедно со Дрезден) во сојузната покраина Саксонија, во Германија. Се наоѓа околу 200 километри јужно од Берлин на устието на реките Вајсе Елстер, Плајсе и Парте на јужниот крај од Северногерманската Низина.
Лајпциг
Leipzig | ||
Поглед на центарот на Лајпциг | ||
Управа | ||
Земја | Германија | |
---|---|---|
Покраина | Саксонија | |
Округ | Урбани окрузи во Германија | |
Надградоначалник | Буркхард Јунг (СПД) | |
Основни податоци | ||
Површина | 297,36 км2 | |
Население | 597.493 (31 декември 2020)[1] | |
- Густина | 2.009 жит/км2 | |
- Метроп. | 1,001,220 (LUZ)[2] | |
Други информации | ||
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) | |
Рег. табл. | L | |
Пошт. бр. | 04001-04357 | |
Повик. бр. | 0341 | |
Портал | leipzig.de | |
Координати | 51°20′N 12°23′E |
Лајпциг отсекогаш бил трговски град, кој за време на Светото Римско Царство се наоѓал на раскрсницата на Вија Регија и Вија Империи, два важни трговски патишта. Едно време, Лајпциг бил еден од големите европски центри за образование и култура на полињата, како што се музика и издаваштво.[3] По Втората светска војна, Лајпциг станал голем урбан центар во рамките на комунистичката Германската Демократска Република, но неговата културна и економска значајност опаднала.[3]
Подоцна, Лајпциг играл значајна улога во поттикнувањето на падот на комунизмот во Источна Европа со настаните кои се случиле во и околу црквата „Свети Никола“. Со повторното обединување на Германија, Лајпциг бил подложен на значајни промени со обнова на некои историски градби, рушење на други и развој на современа сообраќајна инфраструктура. Лајпциг има многу институции и можности за култура и одмор, вклучувајќи го фудбалскиот стадион, кој бил домаќин на некои меѓународни натпревари, оперската куќа и зоолошката градина.
Во 2010 година, Лајпциг бил сместен на 68 место во светот по условите на живот, додека исто така во 2010 година, тој бил вклучен во топ 10 градови, кои треба да се посетат од страна на Њујорк Тајмс (New York Times).