Густина на населеност
From Wikipedia, the free encyclopedia
Густина на населението — мерка за населеност на единица површина, или волумен. Таа често се поврзува со живите организми.
Во биологијата таа се користи да се означи густината на био-масата на определена географска зона, и најчесто се користи кога станува збор за исчезнувањето на видовите од лицето на Земјата.
Кога станува збор за луѓето, густина на населеност како мерка е користена за да објасни колку приближно луѓе живеат на определена географска површина. На пример, светската популација изнесува 8 милијарди луѓе, а површината на земјата е 510 милиони квадратни километри. Одтука светската густина на населението е 8.000.000.000 поделено со 510 милиони = 16 луѓе на километар квадратен или 53 луѓе на километар квадратен, доколку се земе дека луѓето живеат исклучиво на копното кое изнесува 150 милиони квадратни километри.
Густината на населението се зголемува со зголемувањето на бројот на луѓе. Дел од светските научници сметаат дека постои граница колку луѓе земјата може да издржи.
Неколку од најгусто населените територии во светот се градови-држави, микродржави и урбани зависности.[1][note 1] Всушност, 95% од светското население е концентрирано на само 10% од светското копно.[2] Овие територии имаат релативно мала површина и високо ниво на урбанизација, со економско посебно градско население кое се потпира и на руралните ресурси надвор од областа, што ја илустрира разликата помеѓу високата густина на населението и пренаселеноста.
Пустините имаат многу ограничен потенцијал за одгледување култури бидејќи нема доволно дожд за да ги поддржи. Така, нивната густина на население е воглавно мала. Сепак, некои градови на Блискиот Исток, како Дубаи, се зголемуваат во порастот на населението и инфраструктурата со брзо темпо.[4]
Градовите со висока густина на население, според некои, се сметани за пренаселени, иако тоа ќе зависи од фактори како што се квалитетот на домувањето и инфраструктурата и пристапот до ресурси.[5] Многу густо населените градови се претежно во Азија (особено Југоисточна Азија); африканските градови Лагос, Киншаса и Каиро; јужноамериканските градови Богота, Лима и Саун Пауло; во оваа категорија спаѓаат и градовите Мексико и Санкт Петербург.[6]
Населението на градот и особено областа се, сепак, во голема мера зависни од употребената дефиниција за „урбана област“: густините се речиси секогаш повисоки само за средиштето на населеното место отколку кога се вклучени приградските населби и интервентните рурални области, како во агломерацијата или метрополитенската област (второто понекогаш ги вклучува и соседните градови).