![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/4/4e/Leie%252C_Gent.jpg/640px-Leie%252C_Gent.jpg&w=640&q=50)
Лис
река во Франција и Белгија, лева притока на Шелда / From Wikipedia, the free encyclopedia
Лис (француски: Lys) или Лаје (холандски и германски: Leie) — река во Франција и Белгија, северозападна Европа. Извира во Па де Кале, северна Франција и се влева во Шелда како нејзина лева притока кај Гент, Белгија. Вкупната должина изнесува 202 км.
Лис Lys / Leie | |
---|---|
![]() Лис (Лаје) во Гент | |
Местоположба | |
Земји | Белгија, Франција |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Па де Кале |
• надм. вис. | 115 м |
Устие | |
• место | Шелда |
• координати | 51°3′18″N 3°44′3″E |
Должина | 202 км |
Особености на сливот | |
Течение | Шелда→ Северно Море |
Во минатото реката била многу загадена поради населеноста на поречието и индустријализацијата во северна Франција и Белгија. Во поново време водата квалитетот на водата е значително подобрена, делумно поради затворањето на ткајачниците и погоните за преработка на лен. Подрачјето помеѓу Дејнзе и Гент било омилено место за сликарите во првата половина на XX век.
Реката извира кај селото Лисбур источно од Фриж во Па де Кале, Франција. Тече во североисточен правец и минува низ следниве департмани во Франција (Ф) и покраини во Белгија (Б) со нивните градови и општини:
- Па де Кале (Ф): Теруан, Ер на Лис
- Север (Ф): Мервил, Армантје, Алиен
- Ено (Б): Комин-Варнетон
- Западна Фландрија (Б): Менен, Вевелгем, Кортрајк, Варегем, Вервик
- Источна Фландрија (Б): Зулте, Дејнзе, Гент
Поважни притоки на Лис (по низводен редослед) се реките Лакет, Кларанс, Лаве, Дел, Гавербек, Хеуле и Мандел.
На реката се одиграле три битки помеѓу сојузничките сили и германската војска. Во Првата светска војна во 1918 г. војските тука се судриле во првата Битка кај Лис во рамките на Пролетната офанзива на Германија, а подоцна истата година дошло до втор судир на истото место, овојпат во Стодневната офанзива на сојузниците. Во 1940 г. за време на Втора светска војна се одиграла уште една битка кај Лис, кога германската војска напредувала во Фландрија упатена кон протокот Ламанш.