Мадејра
автономен островски регион на Португалија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Мадејра (португалски: Madeira) или официјално Автономен Регион Мадејра (Região Autónoma da Madeira) — португалски архипелаг во Атлантскиот Океан, кој се наоѓа на помалку од 400 километри северно од Тенерифе, Канарски Острови. Мадејра воедно е назначен како најоддалечениот регион на Европската Унија. Мадејра е една од двата автономни региони на Португалија, другиот регион е соседната островска група наречена Азорски Острови. Архипелагот е составен од островските групи: Мадејра, Порто Санто, Пусти Острови и Дивјачки Острови.
Автономен Регион Мадејра Região Autónoma da Madeira
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: "Das ilhas, as mais belas e livres" (португалски) "Сите острови, слободни и прекрасни" |
||||||
Химна: A Portuguesa (национална) Hino da Região Autónoma da Madeira (локално) |
||||||
Главен град (и најголем) | Фуншал 32°39′N 16°55′W | |||||
Службен јазик | португалски | |||||
Народности | Португалци | |||||
Уредување | Автономен регион | |||||
• | Претседател | Алберто Жоао Жардим (PSD) | ||||
Основан | ||||||
• | Населен | 1420 | ||||
• | Автономија | 1 јули 1976 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 801 км2 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2009 г. | 247 399[1] ▲ | ||||
• | Густина | 308.5 жит/км2 | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2007 г. | |||||
• | Вкупен | € 5,905 милијарди[2] ▲ | ||||
• | По жител | € 24.000-$31.352[2] ▲ | ||||
Валута | Евро (€)1 (EUR ) |
|||||
Часовен појас | WET | |||||
• | (ЛСВ) | WEST (UTC+1) | ||||
НДД | .pt | |||||
Повик. бр. | +351 291 | |||||
1. | пред 2002: португалско ескудо |
Мадејра била повторно пронајдена во 1419 година од португалските морепловци кои биле во службата на принцот Д. Енрике (Енрике Морепловецот), а ја населиле по 1420 година. Овој архилепаг се смета за првото територијално откритие во времето на португалскиот период на откритија.
Денеска Мадејра е едно од најпопуларните светски одморалишта, чии знаменитости се виното „Мадејра“, цвеќињата и рачната изработка, везилското занаетчиство, како и новогодишните прослави проследени со претстави со спектакуларни огномети (според Гинисовата книга на рекорди [3] во Мадејра се случила една од најдолгите новогодишни прослави). Главното пристаниште кое се наоѓа во Фуншал е едно од најважните места на кое допираат сите трговски и трансатлантски патнички крстарења помеѓу Европа, Карибите и Северна Америка.