Северна Европа
From Wikipedia, the free encyclopedia
Северна Европа е северниот дел на континентот Европа. Овој регион се дефинирал различно во различни времиња, но денес се смета дека во него спаѓаат:
- Нордиските земји: Данска, Финска, Исланд, Норвешка и Шведска, како и Оланд, Фарските Острови, а понекогаш и Карелија, Колски Полуостров и Свалбард
- Република Ирска, Обединетото Кралство и островот Ман, заедно со Каналските Острови (видете и Западна Европа)
- Естонија, Латвија и Литванија
- Подрачјето околу Балтикот и Северното Море како Северозападна Русија, Северна Полска, Холандија, Белгија, Луксембург и Северна Германија.
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Пред XIX век, изразот „Нордиски“ или „Северни“ бил често употребуван за Северна Европа во која се сметало дека спаѓат нордиските земји, европска Русија, балтичките земји (во тоа време Ливонија и Курланд) и Гренланд.
Во времето на доминантноста на Медитеранот во Европа (како Римското Царство), сето она кое не било околу морето се сметало за Северна Европа, и тоа: Германија, Ниските Земји и Австрија. Оваа поделба се користи и денес во извесни случаи, како да речеме при изучување на т.н. „Северна ренесанса“. Во средниот век се користел изразот (Ултима) Туле за полумитско место на далекиот север на континентот.
Во контест на Европската Унија северноевропски земји се Данска, Шведска, Финска, Германија, Белгија и Холандија.