Шведска
држава во Северна Европа / From Wikipedia, the free encyclopedia
Шведска (шведски: Sverige) или официјално Кралство Шведска (шведски: Konungariket Sverigeⓘ) — држава во Северна Европа на Скандинавскиот Полуостров. Шведска граничи со Норвешка на запад, со Финска на североисток. На југ е поврзана со Данска со Ересундскиот мост. Главен град на Шведска е Стокхолм, што е и најголем град во државата со 1,3 милиони жители во градот или 2 милиони жители во метрополитенската област.
Кралство Шведска Konungariket Sverige (шведски)
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: (кралско) "För Sverige i tiden" "За Шведска – Со Времето" |
||||||
Химна: Du gamla, Du fria Ти си древна, ти си слободна Кралска химна: Kungssången Песна за кралот |
||||||
Местоположбата на Шведска (темнозелено) – на Европскиот континент (светлозелено и темнозелено) |
||||||
Главен град (и најголем) | Стокхолм 59°21′N 18°4′E | |||||
Службен јазик | шведски | |||||
Народности | 82,1% Швеѓани[1] 17,9% други (2008)[2] |
|||||
Демоним | Швеѓани | |||||
Уредување | парламентарна демократија и уставна монархија | |||||
• | Крал | Карл XVI Густаф | ||||
• | Премиер | Улф Кристерсон | ||||
Обединување | ||||||
• | Калмарски сојуз | 1397 | ||||
• | де факто независно кралство | 6 јуни 1523 | ||||
• | крај на скандинавската унија | 1524 | ||||
• | Шведско-норвешка унија (почеток) | 4 ноември 1814 | ||||
• | Шведско-норвешка унија (крај) | 13 август 1905 | ||||
• | Устав | 1974 | ||||
пристапила во ЕУ | 1 јануари 1995 | |||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 449,964 км2 (57-ма) | ||||
• | Вода (%) | 8.7 | ||||
Население | ||||||
• | Попис 31 јули 2017 | 10,065,389 ▲[3] | ||||
• | Густина | 20.0 жит/км2 (196-та) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупен | $522 милијарди[4] (34-та) | ||||
• | По жител | $51,264[4] (17-та) | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2017 г. | |||||
• | Вкупно | $542 billion[4] (21-ва) | ||||
• | По жител | $53,248[4] | ||||
Џиниев коеф. (2005) | 23 низок |
|||||
ИЧР (2013) | ▼ 0.898[5] многу висок · 12та |
|||||
Валута | Шведска круна (SEK ) |
|||||
Часовен појас | CET (UTC+1) | |||||
• | (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||||
Датумски формат | yyyy-mm-dd, d/m yyyy, dd-mm-yyyy, dd-mm-yy |
|||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .se | |||||
Повик. бр. | 46 |
Со своите 450.295 км2, Шведска е трета најголема држава во Европската Унија според територија и има вкупно население од 9,2 милиони жители. Според тоа, Шведска има низок степен на густина на население со 21 жител на километар квадратен, но со повисок степен на југот на земјата. Околу 85% од населението на кралството живее во урбаните средини и се очекува овој процент да се зголеми поради урбанизацијата на земјата.[6] Покрај главниот град, втор најголем град е Гетеборг со 500.000 жители и трет најголем град е Малме.
Шведска е уставна монархија со парламентарен систем на владеење и со високо развиена економија. Шведска е дел од Европската Унија од 1 јануари 1995 година. Како независна држава се воздигнала во средновековието. За време на XVII век државата ги проширила своите територии и се создало Шведското царство. Повеќето освоени територии надвор од Шведска биле освоени за време на XVIII и XIX век. Источниот дел од Шведска (денес Финска) бил изгубен во 1809 и потпаднал под власт на Русија. Последната војна во која Шведска директно било инволвирана во 1814 година кога шведската војска ја принудила Норвешка да ја оформат Шведско-норвешката унија која траела до 1905. Оттогаш, Шведска е земја која го поддржува мирот и е неутрална држава.[7]