Француски Судан
From Wikipedia, the free encyclopedia
Француски Судан (француски: Guinée française) — француска колонијална територија во федерацијата на Француска Западна Африка во периодот од 1880 до 1960 година, кога територијата станала независна држава под името Мали. Колонијата била официјално наречена Француски Судан од 1890 до 1899 година, а потоа повторно од 1921 до 1958 година и имала различни имиња во текот на своето постоење. Колонијата првично била формирана во голема мера како воен проект предводен од француски војници, но во средината на 1890-тите се нашла под цивилна администрација.
Француски Судан Soudan Français | |||||
Составен дел на Француска Западна Африка | |||||
| |||||
Знаме | |||||
Химна La Marseillaise • Le Mali | |||||
зелено: Француски Судан жолто: Француска Западна Африка сиво: останати француски територии црно: Француска Република | |||||
Главен град | Бамако¹ | ||||
Историски период | Нов империјализам | ||||
- | Основана | 1880 | |||
- | Федерација Мали | 20 јуни 1960 | |||
Површина | |||||
- | 1959 | 1.241.238 км2 | |||
Население | |||||
- | 1959 | 4.407.000 жит. | |||
Густина | 3,6 жит/км2 | ||||
¹ Кајес (1892–1899) |
Големоит број административни реорганизации во почетокот на 1900 година довеле до зголемена француска администрација за прашања поврзани со земјоделството, религијата и ропството. По Втората светска војна, Африканското демократско обединување на Модибо Кеита станала најзначајна политичка сила која се залагала за независност.
Мали првично ги задржала блиските врски со Франција и се приклучила на краткотрајната федерација со Сенегал во 1959 година, но врските со двете земји брзо ослабнале. Во 1960 година, Француски Судан формално станала Република Мали и започнала да се дистанцира од Сенегал и Франција.