1 февруари
датум / From Wikipedia, the free encyclopedia
1 февруари — 32-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 333 денови до крајот на годината (334 во престапна).
<< | февруари | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
01 | 02 | 03 | ||||
04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
25 | 26 | 27 | 28 | 29 | ||
2024 |
Настани:
1883 | Почна изградбата на Панамскиот Канал под раководство на францускиот инженер Фердинанд Лесепс, градител на Суецкиот Канал. Изградбата заврши со еден од најголемите финансиски скандали во XIX век. Работите беа прекинати цели 20 години. Целосна контрола над зоната над каналот презедоа САД, со чија финансиска поддршка, каналот е завршен во август 1914 година. Каналот е долг 81 километар. |
1887 | Основан е Холивуд, најголемиот филмски град (предградие на Лос Анџелес) во светот. Првиот филм е снимен во 1911 година. |
1924 | Британската лабуристичка влада го призна СССР, што значително придонесе за намалување на дипломатската изолација на првата социјалистичка земја во светот. |
1944 | Во близина на селото Мрежичко (мариовско) Втората македонска народноослободителна урадна бригада во текот на целиот ден води борба против бугарската гранична единица. Непријателот има 14 метви војници, 3 ранети и тројца исчезнати војници. |
1946 | Норвежанецот Тригве Ли е избран за прв генерален секретар на Организацијата на Обединетите нации. |
1994 | Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија и Република Финска на ниво на амбасади. |
1996 | Советот за безбедност на ООН го прифати предлогот на генералниот секретар на ООН од овој датум силите за превентивно распоредување на ООН (УНПРЕДЕП), да останат целосно независна операција во Република Македонија. |
2003 | Шатлот „Колумбија“ се распаѓа над небото на Тексас, убивајќи ги сите 7 космонаути. |
Родени:
1834 | Кузман Шапкарев — македонски собирач на народни песни. |
1884 | Евгениј Замјатин — руски писател. |
1894 | Џон Форд — американски режисер и глумец (†1973) |
1901 | Кларк Гејбл — американски филмски глумец. |
1915 | Стенли Метјус — англиски фудбалер. |
1920 | Славка Фиданова — македонски првоборец. |
1928 | Ѓорѓи Мавродиев — македонски физичар. |
1931 | Борис Николаевич Елцин — руски политичар (†2007). |
1933 | Светлана Велмар Јанковиќ — српска писателка (†2014). |
1939 | Екатерина Максимова — руска и советска балерина (†2009) |
1948 | Рик Џејмс — американски фанк-музичар. |
1950 | Зоран Калезиќ — српски пејач на народна музика. |
1957 | Мухамед Џамал Калифа — саудиски претприемач и шура на Осама Бин Ладен. |
1957 | Џеки Шроф — индиjски глумец |
1961 | Антонио Митриќески — македонски филмски режисер. |
1968 | Витали Носов — руски и советски кошаркар. |
1969 | Габриел Батистута — аргентински фудбалер. |
1968 | Оливер Бирхоф — германски фудбалер. |
1971 | Златко Захович — словенечки фудбалер. |
1972 | Кристијан Циге — германски фудбалер. |
1979 | Хуан — бразилски фудбалер. |
1983 | Јурген ван ден Брук — белгиски велосипедист. |
1984 | Дарен Флечер — шкотски фудбалер. |
Починале:
1908 | Милован Глишиќ — српски писател. |
1914 | Алберт Гинтер — германско-британски зоолог |
1944 | Пит Мондријан — холандски сликар и теоретичар. |
1966 | Бастер Китон — американски филмски глумец и режисер. |
1987 | Алесандро Блазети — италијански филмски режисер. |
2012 | Вислава Шимборска — полска поетеса, добитничка на Нобеловата награда за литература. |
2020 | Енди Гил — британски рок-музичар и продуцент. |
2024 | Карл Ведерс — американски глумец. |