50 Cent
американски рапер, глумец, бизнисмен и ТВ-продуцент од Њујорк / From Wikipedia, the free encyclopedia
Куртис Џејмс Џексон III (р. 6 јули 1975 година[1]), подобро познат по неговото сценско име 50 Cент (транскрипција: Фифти-Сент) — американски рапер и глумец. Тој ја постигна својата слава со издавањето на неговите албуми “Get Rich or Die Tryin'” ( во 2003 година) и “The Massacre” (во 2005 година). “Get Rich or Die Tryin“ има 8 пати добиено платина од страна на Музичката Индустрија во Американската Заедница (МИАЗ) има распродадено преку 15 милиони копии ширум светот. Неговиот албум “The Massacre“ има 5 пати добиено платина од МИАЗ и има продадено 11 милиони копии.
50 Cent | |
---|---|
50 Cent, 2018 | |
Животописни податоци | |
Родено име | Куртис Џејмс Џексон III |
Роден(а) | 6 јули, 1975 г. (48) |
Потекло | Јужна Јамајка, Квинс, Њујорк, САД |
Жанрови | Хип-хоп |
Занимања | Рапер |
Период на активност | 1999— |
Издавачи | Афтермат, Шејди, Интерскоп |
Соработници | G-Unit, Д-р Дре, Еминем, Гејм, Јанг Бак , Лојд Бенкс, Тони Јејо |
Мреж. место | 50cent.com |
Роден во Јужна Јамајка, Квинс, Џексон почнал трговија со дрога на 12 годишна возраст за време на епидемијата на крекот во осумдесеттите. Откако ја напуштил трговијата со дрога за да ја започне рап кариерата, тој бил застрелан и погоден со 9 куршуми за време на несреќа во 2000 година. По издавањето на неговиот албум “Guess Who's Back?” , во 2002 година Џексон бил откриен од раперот Еминем и потпишал договор со Interscope Records. Со помошта на Еминем и на Д-р Дре кој го обезбеди неговиот прв голем комерцијален успех, Џексон стана еден од светските рапери со остварена најголема продажба. Во 2003 година тој ја основал издавачката куќа G-Unit Records која потпишала договори со неколку успешни рапери како Јанг Бак, Лојд Бенкс, и Тони Јајо.
Џексон се вмешал во караница со други рапери меќу кои Џа Рул, Фет Џо, Џадакис, Кам’рон, Рик Рос и поранешните членови на Џи Јунит, Д Гејм и Јанг Бак. Тој исто така продолжил со глумечка кариера, појавувајќи се во полуавтобиографскиот филм “Get Rich or Die Tryin'“ во 2005, во филмот за војната во Ирак насловен “Home of the Brave“ во 2006 година, и во филмот “Righteous Kill“ во 2008 година. 50 Сент бил рангиран како 6-ти најдобар изведувач во периодот од 2000 до 2009 година од страна на "Билборд Магазинот." Магазинот исто така го рангирал на 4-тото место на списокот на машки изведувачи и на 3-тото место на списокот на рапери по Еминем и Нели. Билборд магазинот исто така го рангирал на 6-тото место за најдобри и најуспешни 100 изведувачи во периодот од 2000 до 2009 година, и за број 1 изведувач на рап песни во овој период. Билборд го рангирал неговиот албум “Get Rich or Die Tryin'“ како 12-ти во истиов период, и албумот “The Massacre“ на 73-тото место на списокот на најдобри албуми во период од 2000 до 2009 година.