Еминем
From Wikipedia, the free encyclopedia
Еминем (Сент Џозеф, Мисури, САД, 17 октомври 1972 ), вистинското име Маршал Брус Метерс (познат и под називот Слим Шејди) е американски рапер, продуцент и глумец. Еминем се здобил со огромна популарност во 1999 г. по објавувањето на неговиот прв комерцијален албум The Slim Shady LP, кој освоил Греми награда за најдобар рап албум. Неговиот следен албум The Marshall Mathers LP, станал најбрзо продаваниот соло албум во американската музичка индустрија.[1] Албумот го издигнал Еминем во музичките височини, што резултираше со отворање на неговата сопствена продукциска куќа Шејди Рекордс. Како последица на неговиот комерцијален успех, рап групата од Детроит Д12, во која воедно членува и тој, премина од андерграунд во меинстрим рап.
Еминем | |
---|---|
Еминем настапува на DJ Hero забавата | |
Животописни податоци | |
Родено име | Маршал Брус Метерс III |
Роден(а) | 17 октомври 1972
Сент Џозеф (Мисури), САД |
Потекло | Ворен (Мичиген), САД |
Жанрови | Рап |
Занимања | Рапер, продуцент, глумец, текстописец |
Период на активност | 1992-2004; 2009-денес |
Издавачи | Mashin' Duck, Web, Interscope, Aftermath, Shady |
Соработници | Д-р Дре, D12, Ројс да 5'9", 50 Cent, Оби Трајс, Лил Вејн |
Мреж. место | eminem.com |
The Marshall Mathers LP и неговиот трет студиски албум The Eminem Show исто така освоиле Греми награди за најдобар рап албум, правејќи го Еминем првиот рапер со оваа статуетка за три последователни албуми. Истата награда повторно ја освоил во 2010 со албумот Relapse, вкупно негова 11-та Греми награда. Во 2003 г. освоил Оскар за најдобра филмска музика со песната „Lose Yourself“ од филмот 8 Mile, во кој ја толкувал главната улога. „Lose Yourself“ сè уште го држи рекордот за рап песна со најмногу поминати недели на позицијата број 1 на американската топ листа. По турнејата во 2005 г. Еминем се повлекол од музичкиот живот. Во 2009 г. го издадал албумот насловен Relapse, негов прв студиски проект по Encore од 2004. Со Relapse ја заработил неговата 4-та награда за најдобар рап албум, или дотогаш 11-то негово признание од ова натпреварување. Во 2010 г. Еминем го издадал својот седми албум Recovery, кој претставувал шести последовен број 1 албум за раперот во САД, но доживеал успех и во останатите земји од светот.
Од страна на Vibe магазинот во 2008 беше прогласен за најдобар рапер на сите времиња. Вклучувајќи ја неговата работа со Д12, Еминем има вкупно девет број 1 албуми на американската Билборд 200 листа (7 соло албуми и 2 со неговата група). 13 синглови од неговата дискографија достигнале број 1 на светските топ листи. Во декември 2009 г. на Еминем му беше доделена наградата Музичар на деценијата 2000-2009 од страна на Билборд. Со продадени 40 милиони албуми во САД и околу 100 милиони во светот, Еминем е најпродаваниот музичар на 21-от век и најпродаваниот рапер на сите времиња.[2]