8 август
датум / From Wikipedia, the free encyclopedia
8 август — 220-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (221-и во престапна година). Остануваат 145 денови до крајот на годината.
<< | август | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
01 | 02 | 03 | ||||
04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 |
2024 |
Настани:
1786 | Мишел-Габриел Пакар и Жак Балма се првите луѓе кои го искачиле врвот Монблан. |
1918 | Прва светска војна: Започнала Битката кај Амјен во Франција, која била серија на континуирани победи на сојузниците во текот на 100-дневната офанзива, со кои завршила војната. |
1938 | Започнала изградбата на концентрациониот логор Матхаузен во Австрија, тогаш анектирана од Нацистичка Германија. |
1945 | Со договорот во Лондон меѓу Велика Британија, СССР, САД и Франција, основан е Меѓународниот воен суд за судење на водачите на Третиот рајх. Овој суд ќе го спроведе познатиот Нирнбершки процес. |
1966 | „Битлси“ го издаваат албумот „Револвер“, прогласен за трет најдобар на сите времиња според списанието Rolling Stone и за најдобар според мрежното место Rate Your Music. |
1969 | Советскиот Сојуз ја лансира автоматската вселенска станица Зонд-7 со задача да ја проучува Месечината и пространствата околу неа. |
1974 | Под притисок на јавното мислење на САД, претседателот Ричард Никсон соопшти дека на 9 август ќе поднесе оставка поради обвиненијата дека е замешан во аферата Вотергејт, која силно го погоди американскиот претседателски систем. Наместо Никсон, американски претседател стана дотогашниот потпретседател - Џералд Форд. |
1976 | Американската рок-група „Бостон“ го издава истоимениот албум, кој до денес е најпродаван дебитантски албум во историјата. |
2001 | Десет припадници на безбедносните сили на Република Македонија се убиени, а тројца се повредени во нападот што албанските терористи го извршија врз воениот конвој кај местото Карпалак на патот Скопје - Тетово. |
Родени:
1748 | Јохан Фридрих Гмелин — германски природонаучник. |
1790 | Ференц Келчеи — унгарски поет. |
1809 | Људевит Гај — хрватски јазичар. |
1879 | Емилијано Запата — мексикански револуционер. |
1901 | Ернест О. Лоренс — американски физичар и Нобелов лауреат. |
1918 | Никола Бадев — македонски пејач на народни песни. |
1919 | Дино де Лаурентис — италијански филмски продуцент. |
1925 | Алија Изетбеговиќ — претседател на Босна и Херцеговина. |
1936 | Илхами Емин — македонски писател. |
1937 | Дастин Хофман — американски глумец. |
1943 | Есма Реџепова — македонска пејачка. |
1944 | Борис Апостолов — македонски писател. |
1950 | Кемал Комина — македонски поет и раскажувач. |
1950 | Димитрије Бужаровски — македонски композитор и музиколог. |
1953 | Најџел Мансел — британски автомобилист, светски првак во трките на „Формула 1“. |
1955 | Херберт Прохаска — австриски фудбалер. |
1956 | Милош Шестиќ — српски и југословенски фудбалер. |
1964 | Клаус Ебнер — австриски писател. |
1961 | Неџмедин Сулејмани — член на ОНА. |
1967 | Бранко Брновиќ — црногорски и југословенски фудбалер. |
1979 | Стипе Плетикоса — хрватски фудбалски голман. |
1980 | Борут Божич — словенечки велосипедист. |
1981 | Роџер Федерер — швајцарски тенисер. |
1983 | Џонатан Тафра — чилеански спринт-кануист. |
1987 | Питер Стетина — американски велосипедист. |
1991 | Жоел Матип — камерунски фудбалер. |
1998 | Шон Мендез — канадски поп-музичар. |
Починале:
117 | Марко Улпиј Трајан — римски цар. |
1171 | Хенри Блоа — епископ на Винчестер. |
1295 | Отоне Висконти — архиепископ на Милано. |
1879 | Имануел Херман Фихте — германски филозоф. |
1919 | Руџеро Леонкавало — италијански композитор. |
1944 | Хаим Сутин — руски експресионистички сликар. |
1973 | Никос Захаријадис — генерален секретар на Комунистичката партија на Грција. |
1974 | Кирил Манчевски — македонски музичар. |
1975 | Кенонбол Адерли — американски џез-музичар. |
1993 | Димитар Кондовски — македонски сликар, член на МАНУ. |
1994 | Леонид Леонов — руски и советски писател. |
1996 | Невил Мот — британски физичар, добитник на Нобеловата награда. |
2007 | Душко Малевски — македонски новинар. |
2015 | Шон Прајс — американски рапер. |
2022 | Оливија Њутн-Џон — австралиска глумица и пејачка. |