Алабама
From Wikipedia, the free encyclopedia
Алабама (англиски: Alabama) — сојузна држава сместена во југоисточниот регион на Соединетите Американски Држави. Алабама се граничи со Тенеси на север, Џорџија на исток, Флорида и Мексиканскиот Залив на југ, и Мисисипи на север. Алабама е рангирана на 30. место според големина на површина и на второто место според пловни внатрешни води. Алабама, исто така, се наоѓа на 24. место според бројот на население, кој во 2016 г. изнесувал околу 4.863.300 жители.
Сојузна држава Алабама State of Alabama | |||||
---|---|---|---|---|---|
| |||||
Прекар: Држава на златниот клукајдрвец, Срцето на Дикси, Памучната држава | |||||
Гесло: Audemus iura nostra defendere „Се осмелуваме да си ги браниме правата“ | |||||
Службен јазик | англиски | ||||
Говорени јазици | 2010[1]
| ||||
Главен град | Монтгомери | ||||
Најголем град | Бирмингем | ||||
Најголема метрообласт | Бирмингемско | ||||
Вкупна | 30.. место | ||||
• Вкупна | 135,765 км2 | ||||
• Ширина | 305 км | ||||
• Должина | 531 км | ||||
• % вода | 3.20 | ||||
• ГД | 30° 11′ до 35° СГШ | ||||
• ГШ | 84° 53′ до 88° 28′ ЗГД | ||||
Население | 24.. место | ||||
• Вкупно | 4.863.300 (2016)[2] | ||||
• Густина | 36.5 (2011)/км2 27.. место | ||||
• Среден доход по домаќинство | 44.509 $[3] (47.) | ||||
Надм. вис. | |||||
• Највисока точка | пл. Чихо[4][5][6] (735.5 м) | ||||
• Средна вис. | 150 м | ||||
• Најниска точка | Мексикански Залив[5] морско ниво | ||||
Пред државноста | Територија Алабама | ||||
Прием во сојузот | 14 декември 1819 (22.) | ||||
[[Гувернер на {{{Name}}}|Гувернер]] | Кеј Ајви (Р) | ||||
Заменик-гувернер | непополнето | ||||
Законодавство | Законодавен орган | ||||
• Горен дом | Сенат | ||||
• Долен дом | Претставнички дом | ||||
Сенатори | Ричард Шелби (Р) Даг Џонс (Д) | ||||
Пратеници | 6 републиканци , 1 демократ | ||||
Час. појаси | |||||
• највеќето | централен: UTC −6/−5 | ||||
• Финикс Сити | источен: UTC −5/−4 | ||||
ISO 3166 | US-AL | ||||
Кратенки | AL, Ala. | ||||
Портал | alabama.gov |
Од Американската граѓанска војна па сè до Втората светска војна, Алабама, како и многу други јужни држави, се соочила со големи економски тешкотии, делумно и поради континуираната зависност од земјоделството. И покрај порастот на поголеми индустрии и урбанизирани градови, интересите на Белците доминирале во областа на законодавството сè до 1960-тите, додека пак, интересите на Афроамериканците биле помалку застапени.[7] По Втората светска војна, Алабама искусила пораст на економијата на државата која се должела на пренасочувањето од земјоделството кон тешки производи, минерална екстракција, образование и технологија. Покрај тоа, се случило и воспоставување или проширување на веќе постоечките воени објекти, примарно тие на армијата на САД и силите на воздухопловството, како државни работни места.
Неофицијално, прекарот на државата е „Јелоухамер“ (Yellowhammer), дадено по државната птица) — златниот клулајдрвец (Colaptes auratus). Алабама е позната и како „Срцето на Дикси“ (Дикси е прекарот за јужните американски држави). Државно дрво е „Pinus palustris“, а државно цвеќе камелија. Главен град на Алабама е Монтгомери, а најголемиот град според население е Бирмингем. Најголемиот град според површина е Хантсвил. Најстар град е Мобил, основан од француски колонисти.