Горногермански јазици
From Wikipedia, the free encyclopedia
Горногермански јазици или горногермански наречја[1] (германски: hochdeutsche Mundarten) — група наречја на германскиот јазик кои се говорат јужно од Бенратската и Ирдингенската изоглоса во средна и јужна Германија, Австрија, Лихтенштајн, Швајцарија, Луксембург и источна Белгија, како и соседните делови од Франција (Елзас и северна Лотарингија), Италија (Јужен Тирол), Чешка (Бохемија) и Полска (Горна Шлеска). Застапени се и во дијаспората во Романија, Русија, САД, Бразил, Аргентина, Мексико, Чиле и Намибија.
Кратки факти Горногермански јазици, Географска распространетост: ...
Горногермански јазици | |
---|---|
Географска распространетост: | германојазична Европа
|
Класификација: | индоевропски
|
Гранки: |
средногермански
горнофранконски
горногермански
|
Затвори
Групата ја одликува горногерманското поместување на согласките, што ја дели од долногерманската (долносаксонска) и долнофранконската (вклучувајќи го холандскиот) во склоп на континенталниот западногермански дијалектен континуум.