Грузиска кујна
From Wikipedia, the free encyclopedia
Грузиска кујна – стилови на готвење и јадења кои се создадени во Грузија и која ја подготвуваат грузиските луѓе ширум светот. Грузиската кујна е единствена за целата земја, но има и некои влијанија од другите европски и блискоисточни кулинарски традиции. Секоја историска покраина на Грузија има своја кулинарска традиција, со варијации како што се мегрелиската, кахетската и имеретската кујна. Покрај разните јадења со месо, грузиската кујна исто така нуди разновидни вегетаријански јадења.
Грузиската кујна е резултат на богатата меѓусебна поврзаност на кулинарските идеи спроведени по трговските патишта, од страна на трговци и патници.[1] Важноста на храната и пијалаците за грузиската култура е најдобро забележана за време празникот наречен супра, кога се подготвува голем асортиман на јадења, проследен со големи количини вино и може да трае со часови. На грузиските празници, улогата на тамадата (оној кој управува со здравиците) е важна и нејзината позиција се почитува.
Грузиските ресторани беа широко распространети во Русија во текот на XX век, благодарение на фактот дека Јосиф Висарионович Сталин бил етнички Грузиец и дека тој особено ја сакал домашната храна и пијалак. Во Русија, сите поголеми градови имаат многу грузиски ресторани, а руските ресторани често имаат грузиски прехранбени производи на нивното мени.[2]
Во земјите од поранешниот Советски Сојуз, грузиската храна е исто така популарна поради населувањето на Грузијците во другите советски републики.