Давидова ѕвезда
From Wikipedia, the free encyclopedia
Давидова ѕвезда (хебрејски: מָגֵן דָּוִדcode: he is deprecated - Штитот на Давид) — симбол во облик на два триаголници кои се споени во хексаграм кој во јудаизмот симболизира - исто како кинескиот знак на јин и јанг или христијанскиот крст - проникнување и помирување на двете спротивни страни на животот: небото и земјата, духот и материјата, светлината и темнината, мажот и жената, времето и просторот, душата и телото, ноќта и денот, невидливиот и видливиот свет. Името го добила по кралот Давид. Во стариот век, овој симбол се сретнува кај различни народи, во јудаизмот се сретнува дури во VII век на хебрејски печат што бил пронајден во Сидон. Од 18 век станал општ еврејски религиозен симбол. На првиот ционистички конгрес во Базел во 1897 година, бил прогласен за еврејски национален симбол, а од 1948 година се наоѓа на знамето на државата Израел.[1]