Денес над Македонија
државна химна на Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Денес над Македонија — државна химна на Македонија. Автор на текстот е Владо Малески, а автор на музиката Тодор Скаловски. Напишана е во 1941 година. По завршувањето на Втората светска војна е усвоена како химна на СР Македонија во рамките на поранешна Југославија, а по осамостојувањето на Република Македонија, на 11 август 1992 година со закон е прогласена и за химна на независна Македонија.[1][2]
Ноти и текст на македонската химна | |
Национална химна на Македонија | |
Друг наслов | „Денес над Македонија се раѓа“ |
---|---|
Текст | Владо Малески, 1941 |
Музика | Тодор Скаловски, 1943 |
Усвоена | 1944 |
Звучен извадок | |
„Денес над Македонија“ | |
Со текот на времето текстот на химната претрпел разни промени, при што денес се познати три нејзини верзии — денешната верзија, првичната химна и првата официјална изведена химна која се разликува од првата во само еден ред. Во однос на првичниот текст од 1941 година се изоставени имињата на Никола Карев и Димитар Влахов, а е додадено името на Даме Груев.[3]