Доха
From Wikipedia, the free encyclopedia
Доха (арапски: الدوحة, ед-Давха или ед-Доха) — главен град на Катар. Градот врои 400.051 жител, според пописот од 2005 година[1] и се наоѓа во општината Доха, на брегот на Персискиот Залив. Доха е најголемиот град во Катар, а воедно и најголем економски центар во земјата. Повеќе од 80% од населението во Катар живее во Доха и околината на градот. Градот е и седиште на многу административни институции во земјата, меѓу кои и Владата на Катар, на чие чело е шеикот Хамад бин Халифа, кој всушност е емир на Катар. Во Доха има и образовен град, кој се простира на површина наменета за истражување и образование. Во градот се одржа првата министерска средба во рамките на преговоите на Светската трговска организација. Во 2006, градот беше домаќин на Азиските игри.
Доха الدوحة ad-Dawḥa | |
---|---|
од горе: Универзитет Катар, Музеј на исламска уметност, панорамски поглед на Доха, Сук Вакиф, островот Бисер | |
Местоположба на општина Доха во Катар. | |
Координати: 25°17′12″N 51°32′0″E | |
држава | Катар |
општина | Ад Давха |
основан | 1850 |
Површина | |
• Градско подрачје | 132 км2 (51 ми2) |
Население (2018) | |
• Градско подрачје | 2,382,000 |
• Густина | 0,018/км2 (0,047/ми2) |
Час. појас | АСТ (UTC+3) |
Мреж. место | visitqatar.qa/doha |