Македонски Албанци
From Wikipedia, the free encyclopedia
Македонски Албанци или Албанци во Македонија (албански: Shqiptarët në Maqedoni) — најголемата малцинска заедница во Македонија. Вкупниот број на Албанците во Македонија е 509.083 жители, што претставува околу 25% од населението. Албанското малцинство живее претежно во северозападниот дел на Македонија. Најголеми албански заедници живеат во градовите Дебар (73,9 %), Тетово (54,6 %), Гостивар (47,1 %), Струга (31,9 %), Кичево (28,2 %), Куманово (25,2 %), Скопје (15,2 %) и во нивната околина.[1]
Македонски Албанци Shqiptarë në Maqedoni | |||
---|---|---|---|
Албанско католичко семејство од Скопје во 1910 година | |||
Вкупен број на населението | |||
509.083 |
|||
Региони со значително население | |||
| |||
Јазици | |||
албански и македонски | |||
Религии | |||
ислам, многу мал дел католицизам |
Албанци во Македонија почнале да се доселуваат поинтензивно дури после средината на XVIII век. Според отоманскиот попис на населението од 1430–1431, во Македонија воопшто немало Албанци. Веќе од средината на XV век, со исламизацијата на Албанците, тие во мал број почнале да доаѓаат во Македонија како турски војници и наеминци, но во многу мал број. Во отоманскиот попис од 1452–1453 година, се забележани само 32 албански семејства на територијата на цела Македонија и тоа 31 семејство во вилаетот Калканделен (Полог) и едно католичко семејство во Скопје.
Денес, тие слободно го развиваат и афирмираат својот национален идентитет како што се јазикот и културните традиции. Албанскиот јазик е присутен на сите нивоа во просветниот процес, од основно, средно до високо образование. Во Скопје и Тетово постои и албански театар. Албанците имаат и свој национален празник (28 ноември – Ден на албанското знаме). Тие се присутни и активно учествуваат во политичкиот живот на Македонија.