Моносахарид
From Wikipedia, the free encyclopedia
Моносахаридите се најпростите шеќери (односно јаглехидрати), кои кога се делат ги губат својствата на јаглехидрати (шеќери). Најчесто тие се делат со процесот хидролиза. Моносахаридите се полихидроксилни соединенија (содржат повеќе -OH групи). Како такви, тие се раствораат во вода, имаат сладок вкус, а не се раствораат во органски растворувачи и масти. Доколку моносахаридите во својата молекула имаат алдехидна група, па тогаш говориме за алдози, а доколку поседуваат кето група, тие се кетози. Според бројот на јаглеродни атоми, простите шеќери се делат на:
Вид моносахарид | Број на јаглеродни атоми | Пример | Особини на конкретниот моносахарид |
---|---|---|---|
Биоза | 2 | Гликоалдехид (или гликолоза) | Добиен по лабораториски пат. Важен меѓупроизвод на метаболизмот во оксидационото разложување на гликозата и во фотосинтезата |
Триоза | 3 | Диоксиацетон | Настанува во текот на анаеробното разложување на гликозата |
Тетроза | 4 | Има вкупно 4 вида: L и D треоза ; L и D еритроза | Добиени по синтетички пат |
Пентоза | 5 | Рибоза и деоксирибоза | Составен дел на РНК и ДНК, соодветно |
Хексоза | 6 | Гликоза и Фруктоза | Најважни и најпознати моносахариди. Учествуваат во различни биохемиски процеси и имаат енергетска улога во организмот |
Има и други моносахариди, со повеќе C атоми, но овие се најважните. Ако некој од горенаведените моносахариди содржат алдехидна група, тогаш тие се, на пример, алдобиози, алдотриози итн., а ако содржат кето група: кетобиози, кетотриози итн.