Народ
From Wikipedia, the free encyclopedia
Народ — повеќезначен поим, кој во зависност од контекстот на употреба, може да означува различни видови на човечки заедници. Според терминолошката класификација од областа на општествените науки, постојат две основни значења на овој поим: народот како етнос (етнички народ) и народот како демос (демотски народ - население). Покрај овие основни значења, поимот народ може да има и многу други значења, кои се формираат според различни критериуми, со што се создаваат изрази со специфични, симболични или преносни значења, како што се: политички народ, конститутивен народ, мнозинство, малцинство, работоспособно население и други слични изрази. [1] [2]