Турска Република Северен Кипар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Турска Република Северен Кипар (турски: Kuzey Kıbrıs Türk Cumhuriyeti) или само како Северен Кипар (Kuzey Kıbrıs)[4] — де факто независна држава[5][6][7] , непризаена од ОН, која се наоѓа на северниот дел од островот Кипар. Северен Кипар ја прогласил својата независност во 1983 година, девет години по турската нелегална инвазија, која заврши со задолжително преместување на околу 250.000 жители од двете страни, и околу 12.000 жртви[8]. Државата има дипломатски односи само со Турција со која има одлична соработка на секој план. ОН и ЕУ ја признаваат како дел од Република Кипар, иако истата нема никаков можност за остварување на своите уставни овластувања во Турската Република Северен Кипар.
Турска Република Северен Кипар Kuzey Kıbrıs Türk Cumhuriyeti
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Химна: İstiklal Marşı „Марш на независноста“ [1] |
||||||
Главен град (и најголем) | Северна Левкозија 35°11′N 33°22′E | |||||
Службен јазик | турски | |||||
Демоним | Кипарски Турци | |||||
Уредување | унитарна полупретседателска република | |||||
• | Претседател | Ерсин Татар | ||||
• | Премиер | Озкан Јорганџиоглу | ||||
Законодавство | Собрание на републиката | |||||
Независност | од Република Кипар | |||||
• | Турска окупација на Кипар | 20 јули 1974 | ||||
• | Автономна администрација | 1 октомври 1974 | ||||
• | Федерирана држава | 13 октомври 1975 | ||||
• | Независност од Република Кипар | 15 ноември 1983 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 3,355 км2 (174.) | ||||
• | Вода (%) | 2.7 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2021 г. | 382.836[2] | ||||
• | Попис 2011 г. | 313.626 | ||||
• | Густина | 114 жит/км2 | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2018 г. | |||||
• | Вкупно | $4.234 мил.[3] | ||||
• | По жител | $14.942[3] | ||||
Валута | Турска лира (TRY ) |
|||||
Часовен појас | EET (UTC+2) | |||||
• | (ЛСВ) | EEST (UTC+3) | ||||
Се вози на | лево | |||||
НДД | ct.tr/nc.tr или .tr | |||||
Повик. бр. | +90 392 |
Северен Кипар има вкупна површина од 3.355 км2 каде живеат околу 265.100 жители. Главен град во државата е Никозија (Левкозија), службен јазик е турскиот јазик и најголема религија е Исламот.
Северен Кипар се протега од полуостровот Карпас на североисток од државата, па потоа западно по заливот Ѓузелјурт и ’ртот Кормакитис и на југ селото Аканџилар. Најзападна точка на државата е ексклавата Еренќој. Границата помеѓу Северен и Јужен Кипар е под набљудување на ООН и го дели главниот град Никозија на два дела.