кинеска династија From Wikipedia, the free encyclopedia
Династијата Љао (кидански: Mos Jælud; традиционален кинески:遼朝; поедноставен кинески: 辽朝; пинјин: Liáo Chao), познат и како Китанска империја (кидански: Mos diau-d kitai huldʒi gur),[1] официјално Големиот Љао (кинески :大遼; пинјин: Dà Liáo), ―кинеска царска династија што постоела од 916 до 1125 година, на чело со кланот Јелу од китанско потекло. Основана е по распадот на династијата Танг и во најголема мера владеела со Североисточна Кина, Монголското Плато, северниот дел од Корејскиот Полуостров, јужните делови од Рускиот Далечен Исток и северниот крај од Северна Кинеска Рамнина.[2]
Голем Љао / Кидан |
||
---|---|---|
Главен град | Шанѓинг (Линуанг)1 | |
Демоним | Китајци | |
Уредување | Monarchy | |
Валута | Најчесто трампа во номадските подрачја, и кеш монети во јужниот дел. |
Речиси веднаш по нејзиното основање, династијата започнала процес на територијална експанзија. Најпрво биле освоени Шеснаесетте префектури (меѓу кои и денешен Пекинг и дел од Хебеј) што довело до пропаѓање на Доцен Танг (923–936). Во 1004 година, династијата Љао започнала поход против династијата Северен Сонг. По тешки борби и големи жртви меѓу двете царства, двете страни го склучиле Чанјуанскиот договор. Со договорот, династијата Љао го принудила Северна Сонг да ги признае и настапил период од приближно 120 години на мир и стабилност меѓу двете држави. Династијата Љао била прва држава што под своја контрола ја имала цела Манџурија.[3]
Владеењето на династијата се одликува со несогласувањето на царевите од Љао и китанската елита во врска со наследното право. Тоа довело до низа наследни кризи; царевите од Љао го претпочитале хановиот концепт за првородство, а голем дел од останатата китанска елита го поддржувала традиционалниот метод на наследување од страна на најсилниот кандидат. Покрај тоа, усвојувањето на Хановиот и притисокот за реформирање на китанската практика го натерале Абаоџи да формира две паралелни влади. Северната администрација управувала со китанските области според традиционалната китанска практика, а јужната администрација која управувала со области во кои мнозинството немало хитанско потекло, ги усвоила традиционалните практики на народот Хан.
Династијата Љао била уништена во 1125 година од династијата Џин по претходното заробување на царот Тианзуо од Љао. Приврзаниците на Љао, предводени од Јелу Даши (царот Дезонг од Љао), ја основале западната династија на Љао (Кара Китај), која речиси еден век владеела со делови од Средна Азија за потоа да биде освоена од Монголското Царство.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.