From Wikipedia, the free encyclopedia
Џуџеста галаксија — мала галаксија составена од неколку милијарди ѕвезди, што е мал број во споредба со Млечниот Пат (нашата галаксија), која има 200-400 милијарди ѕвезди. Големиот Магеланов Облак, кој има над 30 милијарди ѕвезди, понекогаш се смета за џуџеста галаксија, но други пак, го сметаат за редовно голема галаксија што кружи околу Млечниот Пат.
Според современата теорија, највеќето галаксии (а со тоа и џуџестите) настануваат во заемодејство со темна материја или од гасови што содржат метали. Меѓутоа вселенската сонда за испитување развојот на галаксиите GALEX на НАСА пронашла нови џуџести галаксии настанати од гасови без метали. Овие галаксии се наоѓаат во Прстенот во Лав — облак од водород и хелиум околу две масивни галаксии во соѕвездието Лав.[1]
Во Месната Група постојат многу џуџести галаксии: честопати овие мали галаксии кружат околу поголемите галаксии како Млечниот Пат (Кумова Слама), Андромеда (Гумно) и Триаголник. Согласно наодите во еден труд од 2007[2], многу џуџести галаксии настанале од приливни сили во раните еволутивни фази на Млечниот Пат и Андромеда. Приливните џуџести галаксии настануваат при судир на галаксии и заемодејство на нивните гравитациски маси. При судирот, од матичните галаксии и ореолите од темна материја се извлекуваат потоци од галактички материјал.[3]
Околу Млечниот Пат орбитираат 14 познати џуџести галаксии, а со недамнешните набљудувања[4] астрономите сметаат дека Омега Кентаур(и) (најголемото збиено јато во Млечниот Пат) е всушност јадро на џуџеста галаксија со црна дупка во средиштето, која некогаш била заземена од Млечниот Пат и станала дел од него.
Џуџестите галаксии имаат најразлични морфологии:
Галаксиите што се помали и потемни од џуџестите галаксии од неодамна се нарекуваат хобитски галаксии[5][6]
Ултракомпактните џуџести галаксии (UCD) се неодамна откриена класа на мошне збиени галаксии со огромен број на ѕвезди. Се смета дека имаат пречник од околу 200 светлосни години и дека содржат сто милиони ѕвезди.[7] Се претпоставува дека тие се јадра на соголени џуџести елиптични галаксии, што го изгубиле гасот и надворешните ѕвезди со приливни заемодејства, патувајќи низ средиштата на богати јата.[8] Ултракомпактните џуџиња може да се најдат во галактичкото јато во Девица, галактичкото јато во Печка, Ејбел 1689, галактичкото јато во Береникина Коса и разни други јата.[9]
„Џуџеста галаксија“ на Ризницата ? |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.