Авранш
From Wikipedia, the free encyclopedia
Авранш (француски: Avranches, нормандски: Avraunches) — град и пристаниште во северозападна Франција, кој се наоѓа во регионот Нормандија, департманот Манш. Тој е центар на истоимениот округ и кантон. Се наоѓа на 74 километри северно од Рен и 103 километри југозападно од Кан, во близина на утоката на рекичката Ла Се во Ламанш. Низ пошироката територија на градот минува автопатот A84. На северозапад од градот се наоѓа железничката станица Авранш која пак е на линијата Лизон-Ламбал.
Кратки факти Авранш, Земја ...
Авранш | ||
---|---|---|
Потпрефектура и општина | ||
Ботаничка градина | ||
Земја | Франција | |
Регион | Долна Нормандија | |
Департман | Манш | |
Округ | Avranches | |
Кантон | Авранш и Инзини ле Боа | |
Управа | ||
• Градоначалник (2020–2026) | Давид Никола | |
Површина1 | 10,99 км2 (424 ми2) | |
Население (2019)2 | 10.264 | |
• Густина | 9,3/км2 (24/ми2) | |
INSEE/Пошт. бр. | 50025 / 50300 | |
Надм. висина | 7 м ) | |
1 Катастарски податоци, каде не се вбројани езера, бари и ледници > 1 км2 и речни устија. 2 Единечно пребројување: жителите на повеќе општини (на пр. студенти и воени лица) се бројат само еднаш. |
Затвори
Ридот на кој се наоѓа Авранш има поглед кон Ламанш и познатиот карпест манастир Мон Сен Мишел кој се наоѓа на 22 километри од градот.
Гратчето има 10.246 жители (2018).