Кан (Нормандија)
општина во Франција / From Wikipedia, the free encyclopedia
Кан (француски: Caen; нормандски:Kaem, (Caenⓘ на француски јазик) – општина во северозападна Франција. Тој е префектура на департманот Калвадос. Самиот град брои 108.365 жители (од 2012[update] ), додека урбаното подрачје 420.000, со што Кан е најголем град во поранешна Долна Нормандија. Исто така тој е трета по големина комуна во Нормандија, по Авр и Руан и трет град по големина во Нормандија, по Руан и Авр.[1][2]
Кан Caen | ||
---|---|---|
Префектура и општина | ||
Поглед на центарот на Кан и опатијата Сент Етјен, јули 2010 | ||
Земја | Франција | |
Регион | Долна Нормандија | |
Департман | Калвадос | |
Округ | Кан | |
Кантон | Кан 1, 2, 3, 4 и 5 | |
Општ. заедница | Кан ла Мер | |
Управа | ||
• Градоначалник (2014-2020) | Жоел Брино (Републиканци) | |
Површина1 | 25,70 км2 (9,92 ми2) | |
Население (2016)2 | 105.403 | |
• Густина | 4,100/км2 (11,000/ми2) | |
INSEE/Пошт. бр. | 14118 / 14000 | |
Надм. висина | 2 м (прос. 8 м) | |
Мреж. место | www.caen.fr | |
1 Катастарски податоци, каде не се вбројани езера, бари и ледници > 1 км2 и речни устија. 2 Единечно пребројување: жителите на повеќе општини (на пр. студенти и воени лица) се бројат само еднаш. |
Кан се наоѓа на 15 км од Ламанш, 200 км северозападно од Париз, а со Англија е споен со фериботската линија Кан-Портсмаут. Кан е политички, економски и културен центар на северниот регион. Сместен на неколку километри од брегот, од плажите каде се истовариле сојузничките сили, живописните одморалишта Довил и Кабур, Нормандиска Швајцарија и Пеи д’Ож, Кан често се смета за архетип на Нормандија.
Кан е познат по неговите историски градби изградени за време на владеењето на Вилијам I од Англија, кој бил погребан таму, и по битката за Кан - тешки борби што се одвивале во и околу Кан за време на битката за Нормандија во 1944 година, кога бил уништен голем дел од градот. Во спомен на овие битки градот изградил меморијален споменик и музеј посветени на мирот.
Грбот за време на Стариот Режим. Грбот за време на Првото Француско Царство. Денешниот грб кој се навраќа на оригиналниот грб од 13 век.