Аргентински фудбалер From Wikipedia, the free encyclopedia
Анхел Фабијан Ди Марија Ернандес (роден на 14 февруари 1988) — аргентински фудбалер, играч од средниот ред или крило на Јувентус и на аргентинската репрезентацијата.
Анхел Ди Марија | |||
---|---|---|---|
Ди Марија во дресот на Париз Сен Жермен во 2015 | |||
Лични податоци | |||
Полно име | Анхел Фабијан Ди Марија Ернандес | ||
Роден на | 14 февруари 1988 | ||
Роден во | Росарио, Аргентина | ||
Висина | м[1] | 1,80||
Позиција | среден ред, крило | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Бенфика | ||
Број | 11 | ||
Младинска кариера | |||
1995–2005 | Росарио Сентрал | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2005–2007 | Росарио Сентрал | 35 | (6) |
2007–2010 | Бенфика | 76 | (7) |
2010–2014 | Реал Мадрид | 124 | (22) |
2014–2015 | Манчестер Јунајтед | 27 | (3) |
2015–2022 | Париз Сен Жермен | 197 | (56) |
2022–2023 | Јувентус | 26 | (4) |
2023– | Бенфика | 0 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2007 | Аргентина 20 | 13 | (3) |
2008 | Аргентина 23 | 6 | (2) |
2008– | Аргентина | 132 | (29) |
* Ажурирано на: 30 август 2014 (UTC) ** Ажурирано на: 5 јули 2014 |
Откако ја започнал својата кариера во Росарио Сентрал, Ди Марија се преселил во Европа во 2007 играјќи за Бенфика, а три години подоцна заиграл за Реал Мадрид. Откако ја освоил Лигата на шампионите со Реал Мадрид, тој потпишал за Манчестер Јунајтед во 2014, за 59,7 милиони фунти и станал најскапиот играч купен од страна на англиски тим, но по само една година на Олд Трафорд заминал во ПСЖ за сума од 63 милиони евра.
Ди Марија е стандарден репрезентативец на Аргентина, и досега има одиграно преку 50 натпревари за репрезентацијата. Тој бил најзаслужен што Аргентина го освоила златниот медал на олимписките игри во 2008, и бил дел од аргентинскиот состав на две Светски првенства и на Копа Америка 2011, 2015 и Сентенарио.
Прекари на Ди Марија се Анхелито и Фидео.[2] Тој поседува и италијански пасош.[3]
Ди Марија е роден на 14 февруари 1988 во Росарио, Аргентина како едно од трите деца на Мигел и Дијана Ди Марија. Како дете, тој им помагал на своите родители околу работата во локалниот рудник за јаглен заедно со своите две сестри. Поради ниските приходи кои семејството ги заработувало, купувањето на спортската опрема и следењето на хобито на ди Марија било тешко за семејството. Тој е многу приврзан за семејството, и голем дел од својата заработувачка ја дал на своето семејство.[4]
Тој се оженил со својата сопруга Хоргелина Кардосо во 2011.[5] Заедно тие имаат ќерка, Миа, која е родена три месеци пред време и преживеала по третманот на интензивна нега во болницата Монтепринципе во Мадрид.[5][6]
Ди Марија своето професионално фудбалско деби го забележал на 14 декември 2005 во последниот натпревар на Росарио во аргентинската Апертура, во ремито од 2–2 против Индепендијенте.[7] Првиот гол за клубот тој го постигнал на 24 ноември 2006 во домашната победа од 4–2 против Килмес.[8] Откако бил еден од главните играчи на Аргентина на Светското првенство до 20 години во 2007 во Канада, Бока Хуниорс испратила понуда од 6,5 милиони долари за него.[9]
Во јули 2007, ди Марија потпишал за Бенфика за трансфер сума од 6 милиони евра. Тој требал да го замени поранешниот капитен, Симао, кој му се приклучил на Атлетико Мадрид истото лето.[9]
Ди Марија потпишал нов договор со Бенфика во 2009, додавајќи уште три години на дотогашниот договор. Во договорот била дефинирана и клаузулата за негово евентуално заминување од Бенфика, која изнесувала 40 милиони евра.[10] Неколку недели подоцна, Диего Марадона изјавил дека тој ќе биде "новата аргентинска суперѕвезда."[11]
На 27 февруари 2010, Ди Марија го постигнал својот прв хет-трик во победата од 4–0 против Леишоеш. Следниот ден, тој бил на насловните страници на сите спортски весници во Португалија кои го именувале "Магичниот три Марија".[12]
На 28 јуни 2010, од Реал Мадрид преку своето мрежно место објавиле дека постигнале договор со Бенфика за трансфер на ди Марија. Тој потпишал петгодишен договор со кралскиот клуб за сума од 25 милиони евра, плус дополнителни 11 милиони евра за бонуси.[13] На 7 јули 2010, ди Марија пристигнал во Мадрид директно од Буенос Аирес,[14] и следниот ден ги поминал медицинските прегледи.[15]
Првиот натпревар во дресот на Реал Мадрид, ди Марија го одиграл на 4 август 2010 во пријателскиот натпревар против Клуб Америка, кој Реал го добил со 3–2.[16] На 22 август, ди Марија го постигнал првиот гол за клубот, на пријателскиот натпревар против Херкулес, кој Реал го добил со 3–1.[17] Во последниот пријателски натпревар пред почетокот на сезоната, на 24 август, по соло акцијата која била опишана како "магичен момент", тој го отворил резулатот во победата од 2–0 против Пењарол, на турнирот на Сантјаго Бернабе.[18]
Првиот натпревар во дресот на Реал Мадрид во Ла Лига, ди Марија го одиграл на 29 август во ремито без голови против Мајорка.[19] На 18 септември, ди Марија го постигнал првиот лигашки гол за Реал во победата од 2–1 против Реал Сосиедад.[20] Десет дена подоцна, тој го постигнал и својот прв гол во Лигата на шампионите во победата од 1–0 против Осер.[21] На 22 декември, ди Марија бил асистент на двата гола на Карим Бензема како и на голот на Кристијано Роналдо во огромната победа од 8–0 против Леванте. На реванш натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Олимпик Лион, ди Марија бил стрелец во победата од 3–0 со која Реал по седум години повторно заиграл во најдобрите осум екипи.[22]
Ди Марија бил стрелец на третиот гол на Реал Мадрид во победата во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите против Тотенхем на 5 април 2011.[23] Две недели подоцна, тој добил црвен картон во последната минута од продолженијата во финалето на Копа дел Реј против Барселона. Реал Мадрид ја освоил титулата победувајќи со 1–0, а единствениот гол на натпреварот кој го постигнал Кристијано Роналдо (во 13. минута од првото продолжение) дошол по пробивот на ди Марија.[24]
На почетокот на новата сезона, ди Марија одиграл серија на тешки натпревари обидувајќи се да се прилагоди на темпото на лигата по летната пауза. Како резултат на тоа, првите одиграни натпревари на ди Марија во сезоната биле измешани со моменти на добра игра и со моменти на лудост од страна на аргентинецот. Второто можело да се забележи во поразот на Реал Мадрид од 1–0 од Леванте, натпревар во кој ди Марија направил ужасен прекршок над играчот на Леванте, Хуанфран, со што дошло до судир помеѓу играчите на двете екипи. По ова, сепак, настапите на ди Марија биле подобрени, и тој се нашол на врвот на табелата на асистенции. Од октомври 2011, ди Марија бил прв избор на Жозе Мурињо пред Кака и Месут Езил, што било знак дека неговата форма била во нагорна линија.[25]
На 27 декември 2011, Ди Марија одиграл 60 минути во натпреварот против градскиот соперник Атлетико Мадрид, и успеал да постигне гол. Реал Мадрид го добил натпреварот со резултат од 4–1. На 3 декември 2011, ди Марија бил стрелец на првиот гол на клубот од Мадрид во победата од 0–3 над Спортинг Хихон.[26] Тој бил еден од најзаслужните што Реал успеал да ја освои 32. титула во шпанското првенство.
Првиот гол во сезоната аргентинецот го постигнал против соперникот Барселона во првиот натпревар од Суперкупот на Шпанија на Камп Ноу по грешката на голманот Виктор Валдес.[27]
И покрај тоа што оваа сезона не била негова најдобра, тој придонел за клубот во важни моменти, особено во осминафиналето од Лигата на шампионите во кое бил асистент на голот на Кристијано Роналдо против својот поранешен клуб Манчестер Јунајтед.[28] Тој одиграл вкупно 52 натпревари во сите конкуренции во сезоната и постигнал 9 голови и 11 асистенции. На 9 август 2012, ди Марија потпишал нов договор со Реал Мадрид, со кој бил обврзан да остане во клубот до 2018.[29]
На 2 октомври 2013, тој постигнал два гола против Копенхаген во победата на Реал Мадрид од 4–0 во групната фаза од Лигата на шампионите.[30] По доаѓањето на Карло Анчелоти на клупата на кралскиот клуб, Ди Марија почнал да игра во средината на теренот.
Подоцна во текот на сезоната поради тактички промени на Анчелоти, тој заиграл како напаѓач од средината на теренот веднаш до Лука Модриќ и Чаби Алонсо. Тој придонел во победата од 2–1 против Барселона во финалето на Копа дел Реј 2014 постигнувајќи го воведниот гол на натпреварот.[31] Со 17 асистенции на неговото конто, тој бил најдобар асистент во шпанската лига.[32]
На 24 мај 2014, во финалето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид, тој со неверојател зиг-заг дриблинг поминал три играчи и шутирал во одлично поставениот Тибо Куртоа, но Герет Бејл ја прибрал одбиената топка со глава постигнувајќи гол во 110. минута од првото продолжение, со што Реал Мадрид дошол до предност од 2–1, која до крајот на натпреварот била зголемена на конечните 4–1. Ди Марија бил прогласен за играч на натпреварот од страна на УЕФА, и наградата на теренот му била доделена од Алекс Фергусон.[33]
Ди Марија останал на клупата во победата на Реал Мадрид во Суперкупот на УЕФА против Севиља на 12 август.[34] Една недела подоцна, во првиот натпревар од Суперкупот на Шпанија, тој ги одиграл последните 15 минути од натпреварот во ремито од 1–1 на домашен терен против Атлетико Мадрид.[35]
На 26 август 2014, Ди Марија потпишал петгодишен договор со Манчестер Јунајтед за сума од 59,7 милиони фунти, што претставува петти најскап трансфер во историјата на фудбалот и најскапа сума што била исплатена од страна на англиски тим.[36][37][38] Првиот натпревар за новиот клуб, аргентинецот го одиграл на 30 август 2014, во ремито без голови против Барнли.[39]
На 6 август 2015 Ди Марија потпишал четиригодишен договор со Париз Сен Жермен за сума од 63 милиони евра (околу 44 милиони фунти).[40][41][42]
На 8 јули 2022 година, Ди Марија како слободен играч му се приклучил на Јувентус, потпишувајќи едногодишен договор.[43] На 15 август, на своето деби во Серија А, тој постигнал гол и забележал асистенација за голот на Душан Влаховиќ во победата со 3-0 над Сасуоло.[44]
Во 2007, Ди Марија за првпат бил именуван во составот на Аргентина до 20 години. Тој бил дел од тимот кој стигнал до финалето на Јужноамериканското првенство до 20 години одржано во Парагвај во 2007. Шест месеци подоцна, тој настапил на Светското првенство до 20 години во Канада, и бил еден од најзаслужните што Аргентина стигнала до титулата, постигнувајќи три голови на првенството.[45]
На 28 јануари 2008, Ди Марија бил повикан во тимот на Аргентина до 23 години за фудбалскиот турнир на Летните олимписки игри 2008. Таму, во четвртфиналниот натпревар против Холандија, тој го постигнал победничкиот гол за Аргентина по асистенцијата на Лионел Меси во 105. минута од продолжнијата.[46] На 23 август, во финалето на олимпискиот турнир, Ди Марија во 57. минута бил стрелец на единствениот гол за Аргентина во победата од 1–0 над Нигерија, со што аргентинските играчи се закитиле со златниот олимписки медал и ја одбраниле титулата освоена пред четири години.[47]
На 6 септември 2008, Ди Марија го одиграл својот прв натпревар за сениорскиот тим на Аргентина против Парагвај.[48]
На 19 мај 2010, Ди Марија бил избран од тогашниот селектор Диего Марадона во составот од 23 играчи за Светското првенство 2010 во Јужна Африка.[49] На подготовките за Светското првенство, на 24 мај, тој го постигнал својот прв репрезентативен гол во победата од 5–0 против Канада.[50] На Светското првенство, тој помогнал Аргентина да стигне до четвртфиналето играјќи на сите пет натпревари на првенството.[51]
По Светското првенство, на 11 август 2010, тој го постигнал единствениот гол за Аргентина во победата на пријателскиот натпревар од 1–0 против Ирска на новиот стадион Авива.[52]
На квалификациите за Светското првенство, Ди Марија одиграл 12 натпревари [48] и бил именуван во аргентинскиот состав за финалниот турнир во Бразил.[53] Во осминафиналниот натпревар против Швајцарија, ди Марија го постигнал единствениот победнички гол за Аргентина во 118. минута од продолженијата.[54] Во четвртфиналето, во натпреварот против Белгија, Ди Марија заработил повреда на бутниот мускул и бил изнесен надвор од теренот. По натпреварот било објавено дека поради повредата, Ди Марија ќе го пропушти остатокот од првенството.[55] Аргентина стигнала до финалето на првенството во кое била поразена од Германија.[56]
На 11 јули, Ди Марија бил именуван на скратениот список од десет играчи од ФИФА за наградата златна топка за најдобар играч на првенството.[57]
# | Датум | Место | Противник | Гол | Резултат | Натпреварување |
---|---|---|---|---|---|---|
1. | 22 декември 2009 | Барселона, Шпанија | Каталонија | 2–0 | 2–4 | Неофицијален пријателски натпревар |
2. | 24 мај 2010 | Буенос Аирес, Аргентина | Канада | 3–0 | 5–0 | Пријателски натпревар |
3. | 11 август 2010 | Даблин, Ирска | Ирска | 1–0 | 1–0 | Пријателски натпревар |
4. | 9 февруари 2011 | Женева, Швајцарија | Португалија | 1–0 | 2–1 | Пријателски натпревар |
5. | 11 јули 2011 | Кордоба, Аргентина | Костарика | 3–0 | 3–0 | Копа Америка 2011 |
6. | 6 септември 2011 | Дака, Бангладеш | Нигерија | 2–0 | 3–1 | Пријателски натпревар |
7. | 3 јуни 2012 | Буенос Аирес, Аргентина | Еквадор | 4–0 | 4–0 | Квалификации за Светско првенство 2014 |
8. | 15 август 2012 | Франкфурт, Германија | Германија | 3–0 | 3–1 | Пријателски натпревар |
9. | 7 септември 2012 | Кордоба, Аргентина | Парагвај | 1–0 | 3–1 | Квалификации за Светско првенство 2014 |
10. | 1 јули 2014 | Саун Пауло, Бразил | Швајцарија | 1–0 | 1–0 | Светско првенство 2014 |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.