Апостол Павле
апостол и мисионер / From Wikipedia, the free encyclopedia
Апостол Павле, познат и како Свети Павле или Павле од Тарс (старогрчки: Σαούλ (Саул), Σαῦλος (Сулос), и Παῦλος (Павлос); латински: Paulus или Paullus; хебрејски: שאול התרסי Šaʾul HaTarsi (Шаул од Тарс)[1] (ок. 5 - ок. 67)[2]) — еден од најважните апостоли во проповедењето и распространувањето на христијанството.
Свети Апостол Павле | |
---|---|
Свети апостол Павле на руска икона од Андреј Рубљов, ран XV век | |
Тринаесетти апостол | |
Роден(а) | во Тарс |
Починал(а) | 64-65, во Рим |
Почитуван(а) во | христијанство |
Главно светилиште | Црква Сан Паоло фуори ле Мура |
Слава | |
Обележја | меч |
Павле се смета за една од најважните фигури на Апостолскиот период,[3][4] кој од средината на 30-тите до средината на 50-тите години на 1 век основал неколку цркви во Мала Азија и во Европа. Тој го искористил својот статус како Евреин и римски државјанин да проповеда пред еврејското и римското население. Според списите во Новиот завет и пред неговото преобраќање, Павле бил посветен на прогонувањето на првите ученици на Исус во областа околу Ерусалим[5]. Во расказот на Делата на апостолите (честопати едноставно се нарекува Дела), Павле патувал по патот од Ерусалим во Дамаск, во мисија „да ги уапси и да ги врати во Ерусалим“, кога воскреснатиот Исус му се појавил во одлично светло. Тој бил ослепен од светлината, но по три дена неговиот вид му го вратил Ананија од Дамаск, а Павле започнал да проповеда дека Исус од Назарет е еврејскиот Месија и Синот Божји[6]. Околу половина од книгата на Делата на апостолите се занимава со животот и делата на Павле.
Четиринаесет од вкупно 27-те во Новиот завет традиционално му се припишуваат на Павле. Овие книги, наречени Павлови посланија се збирки од писмени обраќања на Павле до групи и поединци. Седум посланија не се спорни од страна на научниците како автентични за авторот, додека постои различен степен на аргументи за остатите. Павловото авторство на Посланието до Евреите не е потврдено во самото послание и има сомнежи за неговото авторство уште во 2 и 3 век. Сепак било речиси безусловно прифатено од 5 до 16 век дека Павле бил автор на Посланието до Евреите но тоа гледиште денес е речиси универзално отфрлено од страна на дел од научниците,[7]. За останатите шест се верува од некои научници дека биле напишани од следбениците кои пишувале во негово име, користејќи материјал од преживеаните писма и писмата на Павле, напишани од самиот тој, кои не преживеале до денес[8] . Други научници тврдат дека идејата за псевдоним за спорни посланија покренува многу проблеми[9].
Денес, посланијата на Павле продолжуваат да бидат витални корени на теологијата, обожавањето и пастирскиот живот во католичките и протестантските традиции на Западот, како и православните традиции на Истокот[10] . Влијанието на Павле врз христијанската мисла и практика се одликувало како „длабоко како што е распространето“, меѓу оној од многуте други апостоли и мисионери кои биле вклучени во ширењето на христијанската вера.