Артур Мело
From Wikipedia, the free encyclopedia
Артур Енрике Рамос де Оливеира Мело (роден на 12 август 1996 година, во Гојанија), попознат само како Артур или Артур Мело (бразилски португалски: [ˈaʁtuʁ ˈmɛlu] ), е бразилски фудбалер, играч од средниот ред на Ливерпул на заем од Јувентус и на бразилската репрезентација.
Артур Мело | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име |
Артур Енрике Рамос де Оливеира Мело[1] | ||
Роден на | 12 август 1996(1996-08-12) (27 г.) | ||
Роден во | Гојанија, Бразил | ||
Држава | Бразил | ||
Висина | &100000000000000017100001,71 м[2] | ||
Позиција | среден ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Ливерпул | ||
Број | 29 | ||
Младинска кариера | |||
Гојас | |||
Гремио | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2015–2018 | Гремио | 47 | (5) |
2018–2020 | Барселона | 48 | (3) |
2020– | Јувентус | 42 | (1) |
2022– | → Ливерпул | 0 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2013 | Бразил 17 | 7 | (1) |
2018– | Бразил | 22 | (1) |
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 23 март 2020 ‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 23 март 2020 |
Роден во Гојанија, тој ја започнал својата кариера во Гремио, со која ја освоил Копа Либертадорес во 2017 година и Кампеонато Гаучо во 2018 година. Во своите три години во Гремио, Артур се утврдил како еден од најдобрите играчи во тимот, што набргу довело до тоа Барселона да плати 31 милиони евра за неговте услуги во 2018 година.[3][4] Во првата година со Блауграна тој освоил две титули: Суперкупот на Шпанија и Примера Дивисион. Во 2020 година, Артур се преселил во Јувентус, во размена во која во спротивен правец отишол Миралем Пјаниќ.
Артур го направил своето деби за сениорската репрезентација на Бразил во 2018 година, а претходно тој бил дел од репрезентацијата под 17 години. Во 2019, тој бил дел од составот на кариоките кој победил на Копа Америка на домашен терен.