Бомбашки напад во Истанбул (2010)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Бомбашкиот напад во Истанбул е самоубиствен напад кој се случил на 31 октомври 2010 година на плоштадот Таксим во Истанбул, Турција, во околу 10:30 часот. Нападот резултирал со најмалку 22 повредени, од кои 10 полицајци.[1][2]
Бомбашки напад во Истанбул | |
---|---|
Поглед кон плоштадот Таксим | |
Место | Плоштад Таксим, Истанбул, Турција |
Датум | 31 октомври 2010 (UTC+2) |
Вид напад | Самоубиствен напад |
Мртви | 0 |
Повредени | 22 |
Осомничен сторител | Курдска работничка партија, политичка левица |
До моментов никој нема преземено одгтоворност за нападот, но според локалните власти, според првичните информации, станува збор за забранетата курдска сепаратистичка организација ПКК, која претходно се заканила дека ќе ги нападне „сите градови во Турција“, во знак на одмазда а нападите на турската војска врз упоришта на Курдите во Ирак.[3] Според изјавата на некој таксист, тој видел маж на возраст меѓу 30 и 33 години како се доближува до полицајци за да ги праша за правец и во тој момент бомбата експлодирала. Според друг пак, до полицајците се приближиле двајца мажи.[4]