Курди
From Wikipedia, the free encyclopedia
Курдите (курдски: کورد ) се етничка група која себеси се смета за староседелски народ на регионот кој се нарекува Курдистан, а кој се состои од меѓусебно поврзани области на Иран (претежно во покраината Курдистан), Ирак, Сирија и Турција. Курдски заедници постојат и во Либан, Ерменија, Азербејџан, а во последните децении има и во повеќето европски држави и САД.
Кратки факти Вкупен број, Подрачја со значајно население ...
Вкупен број | |
---|---|
околу 28[1] до 35 милиони[2][3] | |
Подрачја со значајно население | |
Турција | 14-19,5 милиони (2010) 17–25%[1][2][3] |
Иран | 5–8 милиони (2010) 5[4]–10%[1][2] |
Ирак | 4.5–7 милиони (2010) 15–23%[1][2] |
Сирија | 1.4-2 милиони (2010) 6-9%[5][2] |
Израел | 150,000-200,000[6][7] |
Азербејџан | 150,000-180,000[8][9] |
Либан | 80,000[8] |
Ерменија | 50,000[9] |
Грузија | 40,000[9] |
Туркменистан | 50,000[9] |
Германија | 750,000[8] |
Франција | 135,000[8] |
Обединето Кралство | 90,000[8] |
Шведска | 90,000[8] |
Холандија | 75,000[8] |
Јазици | |
курдски јазици и зазогорански јазици | |
Вероисповед | |
ислам и други религии | |
Сродни народи | |
Други ирански народи |
Затвори
Етнички се сродни со другите ирански народи[10] и зборуваат курдски јазик, кој е индоевропски јазик од иранската гранка.
Според проценките ги има преку 35 милиони, што ги прави една од најголемите етнички групи без матична национална држава. Во XX век Турција, Иран и Ирак често ги задушувале курдските востанија.[11]