Будимпешта
From Wikipedia, the free encyclopedia
Будимпешта (унгарски: Budapest) е главен град на Унгарија[10] и нејзин основен политички, културен, трговски, индустриски и транспортен центар.[11] Во 2010 година, во Будимпешта бројот на населението изнесува 1,721,556[12], што е пад од средината на 1980-тите, кога тоа било 2,1 милиони луѓе. Градот има големина од 525 км2.[13] Будимпешта станал единствен град кој ги зафаќа двата брега на Дунав со спојувањето од 17 ноември 1873 година на десниот (западен) брег Будим (или Буда) и Обуда и левиот (источен) брег Пешта.[13][14]
Будимпешта | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Главен град | |||||||
Главен град на Унгарија Magyarország fővárosa | |||||||
Од горе надолу: Дунав со црквата Свети Матијаш во позадина, замокот Будим, Унгарскиот парламент, Плоштадот на хероите, Базиликата Свети Стефан | |||||||
Држава | Унгарија | ||||||
Регион | Централна Унгарија | ||||||
Обединување на Будим, Пешта и Обуда | 17 ноември 1873 | ||||||
Управа[1] | |||||||
• Градоначалник | Гергељ Карачоњ | ||||||
Површина[2] | |||||||
• Главен град | 525,2 км2 (2,028 ми2) | ||||||
• Градска | 2.538 км2 (980 ми2) | ||||||
• Метро | 7.626 км2 (2,944 ми2) | ||||||
Надм. вис.[3] | {{Пб/Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „н“
|1=Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „н“}}најниска (Дунав) 96 m највисока (врвот Јанош) 527 м | ||||||
Население (2017)[4][5] | |||||||
• Главен град | 1,752,286[6] | ||||||
• Ранг | 1st (9th in EU) | ||||||
• Густина | 3.388/км2 (8,770/ми2) | ||||||
• Градскo | 2,997,958[7] | ||||||
• Метро | 3,011,598[8] | ||||||
Часовен појас | CET (UTC+1) | ||||||
• Лете (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||||||
Поштенски број | 1011–1239 | ||||||
Повикувачки број | 1 | ||||||
ISO 3166 | HU-BU | ||||||
NUTS код | HU101 | ||||||
ИЧР (2018) | 0.901[9] – многу висок · 1st | ||||||
Мреж. место | BudapestInfo Official Government Official |
Аквинк (Aquincum) кој претставува келтскa колонија[15] е и директниот потомок на Будимпешта[16], станувајќи главен град на римската провинција Долна Панонија.[15] Унгарците дошле на територијата на Будимпешта во IX век. Нивната прва колонија била уништена од Монголите во 1241-42 година. Реизградената Будимпешта станува центар на ренесансно-хуманистичката култура[17] во XV век. После Мохачката битка од 1526 година и приближно после 150 години Отоманско владеење[18], со развитокот на регионот во XVIII и XIX век, после унификацијата од 1873 Будимпешта станува глобална метропола[19]. Исто така станал и вториот главен град на Австроунгарија, голема сила која што се растури во 1918. Будимпешта претставувала жаришна точка на Унгарската револуција од 1848, Унгарската Советска Република формирана во 1919, Битката за Будимпешта од 1945 и револуцијата од 1956.
Почитувана како една од најубавите градови на Европа,[10][20][21] нејзиното светско наследство ги вклучува двата брега на Дунав, Замокот Буда, Авенијата Андреси, Плоштадот на хероите и Милениум метрото коешто претставува второ најстаро метро во светот.[20][22] Исто така други значајни точки во градот се тоа што таму се наоѓа втората најголема синагога во светот, како и третиот светски најголем парламент.